Интерсекторска соработка при подготовка на Оперативен план за економско јакнење на жени на Општина Битола за 2016 година и развој на две пилот мерки директно насочени кон економско јакнење на невработени жени од Општина Битола (жени од урбани и рурални средини).
Учесници на тродневните работилници беа:
- Претседателката на Советот на Општина Битола, на КЕМ и Комисијата за финансии и буџет;
- Координаторката на КЕМ;
- Советници од КЕМ и останатите релевантни комисии
- Претставничка од АВРМ - Канцеларија за Општина Битола
- претставници на релевантни ГО
- невработени жени од Општина Битола.
Оваа активност е дел од проектот „Економско јакнење на жени во две општини“, спроведен од ЖГИ АНТИКО, во соработка со Комисијата за еднакви можности при Општина Битола, а поддржан од Британската Амбасада во Скопје.
|