Во периодот 26-29. 06. 2012 година во х. Гранит во Охрид, беше имплементиран Регионалниот ТоТ – Фацилитатори за женско зајакнување. ТОТ-от е планирана активност во рамките на проектот „Поврзување и зајакнување на женски граѓански организации од Западен Балкан кои работат на женски права и родова рамноправност“ кој е поддржан од Европската комисија, а во проектната реализација се вклучени партнерските организации: Антико од Македонија; Партнери за интернационална демократска промена (Белгија); Партнер - Косова - Центар за менаџирање на конфликти (Косово) и Хелсиншки комитет за човекови права (Србија).
Целта на овој ТОТ е зајакнување на фацилитаторските вештини и знаења на учесничките за родови концепти и антидискриминација, со акцент на нивно поврзување и градење коалиции за конструктивно вклучување во политичките и граѓанските процеси на локално, национално и регионално ниво. На настанот учествуваа вкупно 18 учеснички - активистки за женски човекови права од Македонија, Србија и Косово ( по 6 учеснички од секоја земја партнер) кои претходно учествуваа на работилницата за градење на капацитети одржана во месец мај. Обучувачки на тренингот беа две претставнички од Македонија, и по една претставничка од Србија и Косово.
Учесничките разменија искуства, ставови и добри практики во однос на нивниот активизам и постоечките состојби на полето на родовата рамноправност и се согласија дека има простор за соработка и проширување на регионалните иницијативи во ова поле, бидејќи проблемите и потребите на жените од овие земји се заеднички и отвораат широки можности за меѓусебно поврзување и активно делување во рамки на регионот. За учесничките на тренингот, беше подготвен прирачник во кој се содржани тематските содржини кои се обработија за време на сесиите. Во наредниот период обучените 18 фацилитаторки ќе имаат можност стекнатите знаења да ги мултиплицираат во нивните локални заедници, односно во Република Македонија во таргет општините Кичево и Тетово.
|