Мотото на проектот оваа година е: ЖТГМ Партнерство за паритетна демократија.
Од 1-ви септември стартува новиот циклус на активности на проектот “Жените тоа го можат” 2008/2009 кои ЖГИ Антико во континуитет ги имплементира од 2002-ра година во локалните заедници на Република Македонија.
Во овој циклус предвидено е да се организираат 7 семинари за политичко јакнење на жените и 6 јавни акции во заедниците.
“Жените тоа го можат“ е програма која се реализира во многу земји на светот нејзините цели се зајакнување на жените од политички партии, синдикати, организации на цивилното општество и медиуми со цел на поактивно вклучување во јавниот и политичкиот живот во земјата. Програмата ја унапредува родовата рамноправност и зголемувањето на бројот на жени во процесите на донесување на одлуки.
Во рамките на оваа програма Антико од 2002 - 2007 има реализирано 40 дводневни семинари со вкупно 992 директни учеснички на семинарите. Резултат на семинарите се формирање на 27 интерсекторски неформални мрежи од страна на учесничките на семинарите и нивните 207 различни follow up активности во заедницата на теми од женските прашања и постигнувањето на родовата рамноправност во Републиика Македонија.
Директни учесници на локалните акции се евидентирани 5.171 учесници/чки додека индиректни 52.773 и пошироката јавност во Македонија.
Други разултати
Во рамките на овие follow up активности се реализираа следниви активности: печатени 52.567 родово сензитивни промотивни и информативни материјали - брошури, лифлети маици, со содржини за донесување на афирмативни мерки - квоти и други институционални механизми, придонес кон елиминирање на насилството врз жените, акции за промоција и заштита на женските човекови права во повеќе области, вклучување на руралните жени во јавниот и политичкиот живот и др. Освен овие активности за оваа цел се реализирани 20 трибини со 1794 учесници жени и мажи; 98 медиски претставувања и прилози; 7 прес конференции; со 180 присутни; 16 родови истаржувања, анкети анализи со 2658 испитаници 5 јавни дебати со 68 учесници и од релевантни структури; 2 изложби; 1 ТВ анкета (40 учесници ); 3 ТВ дебати со 42 учесници; 120 состаноци на интерсекторските мрежи; 16 улични перформанси со 511 учесници - за јавно застапување, лобиерање и делење на промотивни и информативни материјали; 4 интерни и 2 екстерни еваулации; 5 евалуативни семинари.
Со оглед дека претстојат локалните избори во март 2009-та година како учеснички на семинарите ќе бидат поканети да учествуваат жени од политички партии кандидатки за градоначалнички и советнички од претстојните Локални избори 2009.
За оваа цел ЖГИ Антико навремено ќе ги информира сите релевантни структури за понатамошните активности со цел за поголемо мотивирање на жените за нивно активно вклучување во јавниот и политичкиот живот во заедницата. Предвидено е семинарите да се организираат во: Дебар, Гостивар, Битола, Тетово, Крушево Гевгелија и Скопје.
Оснобни цели на проектот ЖТГМ за 2008/2009 се:
- Зголемување на самодовербата, јакнење и мотивирање на жените од локалните заедници за активно вклучување во јавниот и политичкиот живот во заедницата;
- Зголемување на политичко управувачките вештини и способности на жените од политичките партии и кандидатките од изборните листи на П.П.;
- Влијание за зголемување на комуникацијата и воспоставување на интерсекторска соработка помеѓу жените од различни партиски структури и професии во локалните заедници и нивната заедничка работа на институционалните механизми за прашањата за родова еднаквост на локално и национално ниво.
Активности:
- Печатење на WCDI материјали;
- Остварување на соработка со релевантни структури (политички партии, локална самоуправа, комисиите за еднакви можности, медиуми, синдикати) ;
- Организирање на семинари во: Скопје, Дебар, Гостивар, Битола, Тетово, Крушево и Гевгелија;
- Вмрежување - формирање на најмалку 5 интесекторски мрежи од страна на учесничките на семинарот и преземање на најмалку 5 јавни акции во однос на идентификуваните проблеми и потребите на заедницата;
- Планирана техничка и финансиска поддршка од ЖГИ Антико на новоформираните интерсекторски мрежи од учесничките на семинарите;
- Мониторинг;
- Екстерна и интерна еваулација;
- Семинар за анализа и еваулација на постигнатите резултати;
- Квартални периодични и финални наративни и финансиски извештаи.
|