Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата

Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост

Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“

Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas

Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
 
 
сабота, 21 декември 2024
Втор циклус од работилници во Теарце и во Крушево за економско зајакнување на жените од руралните средини
Датум: 23.2.2012
 
Во текот на месеците јануари и февруари 2012 година, во општините Теарце и Крушево во рамки на проектот „Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство – III“ беше реализиран вториот циклус на работилници ( 4 во Теарце и 4 во Крушево) за економско зајакнување на жените од руралните средини. Работилниците се развиваа и реализираа во соработка со експерти од едекватни институции. За оваа цел АНТИКО воспостави соработка и партнерство со релевантни субјекти кои се занимаваат со оваа проблематика (економската неактивност на жените). Првите две работилници за економско зајакнување на жените со повисок степен на образование во Крушево, беа одржани на 17 и 18.01.2012 на темите „Подобрување на креативните вештини на жените како предуслов за самовработување“ и „Пристапи за обезбедување економска независност и начини на пласирање на креативните изработки“ со 18 учеснички. Работилниците беа фацилитирани од Оливера Ристеска – експерт за рачни изработки (од НВО која работи со рачни изработки). Учесничките со понизок степен на образование (вкупно 18) партиципираа на работилниците организирани на 21 и 22.01.2012 на темите „Регулирање на работно - правниот статус и статус на земјоделец на жената во земјоделието“ и „Развој на основни вештини за вработување“. Фацилитатори на работилниците беа Биљана Дамческа – експерт за земјоделство и Наташа Ѓоргиоска – економски експерт. На 26 и 27.01.2012 во општина Теарце беа организирани две работилници за жени со понизок степен на образование на темите: „Развој на основните вештини за вработување“ и „СВОТ анализа – презентација и вежби“ со 17 учеснички. Работилниците беа фацилитирани од страна на Неби Јусуфи – од Агенцијата за развој на претпријатија (ЕСА) – Тетово.
 
 
 
12.6.2018 - Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon!
18.5.2018 - Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот
14.5.2018 - Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции
02.4.2018 - Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО
29.3.2018 - Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“
25.1.2018 - Одржана конститутивна седница на Националното координативно тело против семејно насилство
12.1.2018 - ПОВИК ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ
18.12.2017 - Одржан е четвртиот граѓански собир.Карпош 15/12/2017
13.12.2017 - Граѓански собир во Општина Карпош
07.12.2017 - КАНАТЛАРЦИ - О. ПРИЛЕП 07.12.2017
07.12.2017 - ШУТО ОРИЗАРИ - 07/12 / 2017
06.12.2017 - Општина Теарце-
05.12.2017 - Куманово, 04/12/2017/
04.12.2017 - Финалниот настан за презентирање на резултатите од ИПА повеќегодишната Програма за развој на човечките ресурси 2007-2013
02.12.2017 - Гостивар-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ОДРЖАН ТРЕТИОТ ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ВО ОПШТИНА КАРПОШ
01.12.2017 - Пробиштип-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ДЕЛЧЕВО 01.12.2017 год. - Работилница со лица со попреченост на тема „Заштита од родово базираното насилство“
01.12.2017 - С.БУДАКОВО-МОГИЛА 29.11.2017 год. -
01.12.2017 - Општина Јегуновце - Меѓународната Кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.