Програмата за обука на волонтери, ЖГИ АНТИКО продолжи да ја реализира и во последниот квартал од 2011, во постоечките 10 локални организации, каде беа ангажирани вкупно 77 волонтери. Волонтерите покажуваат иницијативност во однос на креирањето и спроведувањето на активностите, даваат свои предлози и сугестии за развојот на програмата за волонтери и воопшто за развојот на самите организации и што е особено значајно започнуваат да фацилитираат работилници што претставува значаен напредок за градењето на нивните капацитети и капацитетите на организациите.
Генерално, активностите во кои беа вклучени волонтерите може да се сублимираат како: учество во организирање на информативни, едукативни и хуманитарни настани и директна партиципација на истите, фацилитирање на едукативни работилници, спроведување на истражувања, спроведување на кампањи, партиципација на обуки и тренинзи на одредени теми и др.
|