Со цел воспоставување контакти и соработка со политичките партии во РМ на полето на политичкото зајакнување на жените, во периодот мај – јули 2011 година беа доставени барања за соработка до лидерите на политичките партии и Меморандуми за соработка. Дел од партиите одговорија позитивно и ја прифатија соработката. Оваа активност произлезе врз основа на анализите кои ги спроведе АНТИКО изминатиов период и добиените резултати од истите.
Во програмата на ЖГИ АНТИКО за 2011/2012 се инкорпорирани активностите ( обуки, семинари, форуми, тркалезни маси, јавни акции) со претставнички/ци од структурите на политичките партии, кои ќе овозможат информирање, подигање на свеста , едукација и зајакнување на капацитетите. Политичките партии имаат значајна улога како политички субјекти во сите заложби за надминување на традиционалните вредности, промовирањето на еднаквите можности, зголемувањето на родовата сензитивност во внатрепартиските, како и спроведувањето на политики кои ги имаат предвид различните потреби на двата пола.
|