На иницијатива на канцелариите на ТАКСО од Албанија и Македонија, ЖГИ АНТИКО обезбеди техничка и логистичка поддршка за организирање на студиската посета на 10 претставници од 5 невладини организации од Албанија во нашата земја, кои што во периодот 01 - 02 .06.2011 год. остварија средби со повеќе претставници на граѓански организации и институции во Македонија. Во текот на дводневната посета гостите од Албанија имаа прилика поконкретно да се запознаат со работата на мрежата на ЖГИ АНТИКО, програмите и активностите кои ги спроведува, како и постигнатите резултати.
Средбите придонесоа учесниците да разменат информации и знаења, да споделат искуства и добри практики, како и да воспостават меѓусебна соработка во однос на евентуални идни партнерства за реализација на заеднички регионални иницијативи и проекти. Студиската посета беше позитивно оценета од сите вклучени страни на средбите, затоа што разговорите им помогнаа да ги идентификуваат проблемите, интересите и потребите на женскиот цивилен сектор и целните групи со кои работат, односно дојдоа до заклучок дека се релативно слични во двете земји и дека со тоа се отвораат широки можности за заедничко дејствување и унапредување на родовата рамноправност.
|