Во периодот јануари – март 2011 година, беше подготвена и промовирана брошурата „Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство“. Ова брошура има за цел да придонесе кон споделување на информации помеѓу различните засегнати страни за подобрување и пронаоѓање на соодветни решенија за понатамошното активно делување во однос на поголема социјална вклученост на жените од етничките малцинства кои живеат во руралните средини. Како еден сеопфатен документ кој има информативен и едукативен карактер, брошурата ќе им користи на сите заинтересирани страни од аспект на методолошкиот пристап во работата со ранливи целни групи и нивното анимирање во заедницата.
Брошурата е во фаза на печатење, а потоа ќе биде дистрибуирана во локалните заедници вклучени во проектот - локалните тимови, локалната самоуправа, целните групи, како и на нашите соработници и заинтересирани корисници. Ќе се печати во 150 примероци (на македонски и на албански јазик). Брошурата ја подготви тимот од извршната канцеларија на ЖГИ АНТИКО и таа содржи: статистички податоци за општините во кои беше реализиран проектот, целите на проектот, структура на целната група која беше опфатена, информации за одржаните едукативни работилници и локалните акции, процесот на соработка со локалната самоуправа, успешните стратегии и предизвици, постигнатите резултати и препораките од завршната конференција.
|