Со цел да се зајакнат капацитетите на претставниците на локалната власт и локалната администрација, како и останатите субјекти кои можат да дадат придонес во примената на Законот за еднакви можности и стратешките документи на локално ниво, ЖГИ АНТИКО подготви програма за имплементирање на 40 работилници со овие целни групи во 10 скопски општини . Процесот на пристапување до ЕЛС и воспоставувањето на соработката се одвиваше според следниве планирани акции.
До сите скопски општини беше доставено барање за соработка во кое беа образложени нашите предлози и беше побарано да се одржат работни средби на кои подетално ќе се договориме за соработката. Потоа следеа и телефонски контакти со општините, а општините кои позитивно одговорија (Општина Шуто Оризари, општина Ѓорче Петров, Општина Сопиште, Општина Аеродром, Општина Кисела Вода и Општина Чучер Сандево) на нашето барање беа договорени и работните состаноци. На средбите, претставничките на ЖГИ Антико ги доставија и Меморандумите за соработка, а за нивното потпишување требаше учесниците на средбите дополнително да не известат. Воедно, се разговараше за обврските и одговорностите на секоја од вклучените страни, за темите на работилниците и термините за нивна реализација, а беа избрани и организаторите од општините со кои понатаму ќе се одвива комуникацијата за планирање на активностите.
|