|
|
УЧЕСТВО НА РАБОТЕН СОСТАНОК ЗА ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОН ЗА ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ НА ЖЕНИТЕ И МАЖИТЕ Датум: 30.5.2011 |
|
|
Работниот состанок организиран од страна на Министерство за труд и социјална политика (МТСП) за процесот на имплементација на Законот за еднакви можности на жените и мажите и измени и дополнувања кои треба да бидат направени, имаше за цел зајакнување на процесот на имплементација и поголема посветеност на одговорните субјекти на одредбите од Законот како и измени и дополнувања на истиот. Работниот состанок се одржа во Хотел Милениум во Охрид од 30.05.2011 до 01.06.2011 година. Преку работниот состанок се поттикнаа Граѓанските организации и институциите надлежни за имплементација на Законот да дадат предлози и свои видувања за досегашната имплементација како и за измени и дополнува на истиот.
Работни сесии на работниот состанок :
- Искуства од имплементацијата на Законот за родова рамноправност и состојбата со родовата родовата рамноправност во Република Србија
- Искуства од имплементацијата на Законот за родова рамноправност и состојбата со родовата родовата рамноправност во Босна и Херцеговина
- Искуства од имплементацијата на Законот за еднакви можности на жените и мажите во Република Македонија и состојбата со родовата родовата рамноправност
- Детектирање на областите од Законот кои се проблематични
- Предлози за измени на законот
Методи на работа
- презентација ( користење на визуелни средства)
- работа во групи
- дискусија
Зеднички ставови/предлози по однос на проблематични области од Законот се:
- Насловот на Законот ќе остане ист „Закон за еднакви можности на жените и мажите“;
- Во чл.2 да се преформулира целта на законот, односно да се смени зборот „промовирање“ со „создавање на услови и можности за воспоставување на механизми за еднакви можности...“;
- Чл.3 - да се измени со тоа што ќе се наведе која е примената на законот;
- Чл.4 – да се дополнат дефинициите и да се специфицира за дискриминација, да се додаде дискриминација по основ на пол и наместо „сексуално вознемирување“ да се смени во „сексуално малтретирање“;
- Чл.5 – ст1. мерките да се филтрираат, бидејќи главната цел е gender mainstreaming, ст.2 да се додаде приватниот сектор;
- Чл.6 – да се појасни дефинирањето на посебните мерки;
- Глава 3 – зборот „усвојуваат“ да се смени во „применуваат“, да се направи дбра поделба на мерките;
- Глава 4 – да се додаде како субјект „јавни установи/служби“;
- Чл.12 – да се додаде нов став за генерален секретар и да се обврзат да даваат родови статистики кои јавно ќе ги презентираат;
- Чл.14 т.4 – да се премести оваа точка кај мерките во глава 3, бидејќи не е обврска на Министерството;
- Чл.16 – координаторот за еднакви можности на жените и мажите при ЕЛС да биде постојано вработен;
- Чл.34 – постапката во овој член да биде иста со постапката од Законот за заштита и превенција од дискриминација;
- Глава 9 – да се зајакнат казнените одредби за не-имплементирање на Законот за еднакви можности на жените мажите.
Погоре споменатите предлози произлезени од работниот состанок за измени/ дополнувања на Законот за еднакви можности на жените и мажите, претставниците од МТСП истакнаа дека ќе се разгледаат, со што на следниот работен состанок ќе се конкретизира точно на кои членови ќе се направат дополнувања/измени.
|
|
|
|
|
|
|
12.6.2018 - Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon! |
|
18.5.2018 - Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот |
|
14.5.2018 - Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции |
|
02.4.2018 - Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО |
|
29.3.2018 - Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ |
|
25.1.2018 - Одржана конститутивна седница на Националното координативно тело против семејно насилство |
|
12.1.2018 - ПОВИК ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ |
|
18.12.2017 - Одржан е четвртиот граѓански собир.Карпош 15/12/2017 |
|
13.12.2017 - Граѓански собир во Општина Карпош |
|
07.12.2017 - КАНАТЛАРЦИ - О. ПРИЛЕП 07.12.2017 |
|
07.12.2017 - ШУТО ОРИЗАРИ - 07/12 / 2017 |
|
06.12.2017 - Општина Теарце- |
|
05.12.2017 - Куманово, 04/12/2017/ |
|
04.12.2017 - Финалниот настан за презентирање на резултатите од ИПА повеќегодишната Програма за развој на човечките ресурси 2007-2013 |
|
02.12.2017 - Гостивар-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,, |
|
01.12.2017 - ОДРЖАН ТРЕТИОТ ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ВО ОПШТИНА КАРПОШ |
|
01.12.2017 - Пробиштип-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,, |
|
01.12.2017 - ДЕЛЧЕВО 01.12.2017 год. - Работилница со лица со попреченост на тема „Заштита од родово базираното насилство“ |
|
01.12.2017 - С.БУДАКОВО-МОГИЛА 29.11.2017 год. - |
|
01.12.2017 - Општина Јегуновце - Меѓународната Кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“ |
|
|
|