|
|
РАБОТНИ СРЕДБИ СО ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ВО ТЕАРЦЕ И КРУШЕВО Датум: 26.10.2011 |
|
|
Жените од руралните средини од Крушево и Теарце ги одржаа првите работни средби со претставниците на локланата самоуправа предвидени во рамките на проектот „Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство – III“ .
Средбата со градоначалникот на општина Теарце г-дин Исен Асани, се одржа на 26.10.2011 во просториите на општината. Учество земаа жените кои се вклучени во проектните активности, локалниот тим, претставнички од АНТИКО и UN Women, како и членки на Комисијата за еднакви можности при советот на општината.
Градоначалникот од страна на локалниот тим и претставничките на АНТИКО беше запознат со целите на проектот, активностите кои досега беа реализирани и оние кои следат, како и за очекувањата на жените од локалната самоуправа во однос на поддршката за надминување на постоечките проблеми на жените.
Стана збор и за претходно започнатите иницијативи, меѓу кои и изградбата на детска градинка во општина Теарце, при што градоначалникот се осврна на процесот на реализација и следните чекори кои ќе ги превземе општината за да се изгради објектот кој беше мапиран од страна на жените како приоритетна потреба.
Претставничките на Комисијата за еднакви можности, накратко го презентираа Локалниот акциски план за родова рамноправност и изразија подготвеност за понатамошна соработка со неформалната група на жени од општината, со цел да се фокусираат на активности кои ќе го подобрат статусот на жените и ќе придонесат кон подобрување на квалитетот на нивниот живот во заедницата.
Заклучоците кои произлегоа од средбата ја потенцираат важноста на соработката помеѓу сите засегнати страни, меѓусебното информирање и потребата од почести средби заради договорање на можностите за превземање на заеднички акции.
На 01.11.2011 во просториите на општина Крушево, претставнички на жените од руралните средини вклучени во проектните активности имаа работна средба со градоначалникот на општина Крушево, г-дин Василчо Дамчески. На средбата присуствуваа и претставнички од ЖГИ АНТИКО, локалниот тим и претседaтелката на Комисијата за еднакви можности при советот на општината. Градоначалникот накратко беше запознат со целите и планираните активности на третата фаза на проектот „Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство – III“, но и со постоечките проблеми кои во текот на реализацијата на првиот циклус работилници беа идентификувани од страна на жените. Тој нагласи дека општината е отворена за соработка и дека вложува напори да одговори на потребите на граѓаните, така што барањата на жените ќе бидат земени предвид како и во досегашната пракса. Исто така, градоначалникот истакна дека во голем дел проблемите му се познати и дека комуникацијата на жените со локалната самоуправа мора да биде континуирана заради консултации, размена на информации и предлози од аспект на изнаоѓање адекватни решенија за постоечките проблеми.
|
|
|
|
|
|
|
12.6.2018 - Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon! |
|
18.5.2018 - Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот |
|
14.5.2018 - Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции |
|
02.4.2018 - Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО |
|
29.3.2018 - Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ |
|
25.1.2018 - Одржана конститутивна седница на Националното координативно тело против семејно насилство |
|
12.1.2018 - ПОВИК ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ |
|
18.12.2017 - Одржан е четвртиот граѓански собир.Карпош 15/12/2017 |
|
13.12.2017 - Граѓански собир во Општина Карпош |
|
07.12.2017 - КАНАТЛАРЦИ - О. ПРИЛЕП 07.12.2017 |
|
07.12.2017 - ШУТО ОРИЗАРИ - 07/12 / 2017 |
|
06.12.2017 - Општина Теарце- |
|
05.12.2017 - Куманово, 04/12/2017/ |
|
04.12.2017 - Финалниот настан за презентирање на резултатите од ИПА повеќегодишната Програма за развој на човечките ресурси 2007-2013 |
|
02.12.2017 - Гостивар-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,, |
|
01.12.2017 - ОДРЖАН ТРЕТИОТ ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ВО ОПШТИНА КАРПОШ |
|
01.12.2017 - Пробиштип-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,, |
|
01.12.2017 - ДЕЛЧЕВО 01.12.2017 год. - Работилница со лица со попреченост на тема „Заштита од родово базираното насилство“ |
|
01.12.2017 - С.БУДАКОВО-МОГИЛА 29.11.2017 год. - |
|
01.12.2017 - Општина Јегуновце - Меѓународната Кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“ |
|
|
|