Министерството за здравство на Република Македонија во соработка со Македонското женско лоби на 24.10.2008-ма година ја започна кампањата “Надмудри го ракот - биди здрава жена”.
Кампањата официално започна со одржување на прес конференција од страна на министерот г-дин Бујар Османи. Министерот за здравство наведе дека кампањата се спроведува со цел подигање на јавната свест на жените за потребата од редовни ПАП тестови и прегледи. Акцијата ќе трае 3 месеци, а ќе важи за сите жени независно дали се здравствено осигурани. Предвидено е да се направат 13.000 бесплатни ПАП тестови. За оваа намена од буџетот се одвоени 8.5 милиони денари.
Прегледите ќе се реализираат во Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство и Специјалните болници за гинекологија во Чаир, К.Б. во Тетово, Битола, Охрид, Гостивар, Стумица, Велес, Прилеп, Гевгелија, Кочани, Кичево и други.
На прес-конференцијата, беше присутна и Амбасодарката на Холандија, г-ѓа Симоне Филипини, г-ѓа Лилјана Поповска, преседателка на Собраниска комисија за еднакви можности, извршната директорка на МЖЛ г-ѓа Даниела Димитриевска и преставнички на други невладини организации.
МЖЛ со своите членки и други НВО во рамките на кампањата ќе организира 50 трибини каде ќе се објасни значењето на превентивните прегледи и навременото откривање на овие болести. Амбасадорките, жените параментарки и преставничките од невладините организации симболично ја почнаа акцијата со правење на ПАП тест во Клиниката за гинекологија и акушерство и ЕХО и Мамографски прегледи на Институтот за радиологија.
|