Во рамките на предвидените активности за зајакнување на капацитетите на грантистите на Центарот за Институционален развој во Струмица од 29.09-01.10.2011 беше организирана обука на тема “Подготовка на годишна програма и годишен буџет”. На обуката присуствуваа две членки од извршната канцеларија на АНТИКО, кои го надградија и оформија своето познавање на горенаведената тема.
Обуката во времетраење од три дена беше поделена во неколку сесии и теми, и тоа: Вовед во годишно планирање, раководење и изработка на стратешки планови, подготовка на годишна програма (дефинирање, цели, активности и резултати), изработка на буџет и креирање на систем за следење (мониторинг и евалуација) на годишна програма.
Покрај теоретската презентација на тоа што е значењето на стратешките планови, годишни програми и годишни буџети, составен дел на обуката беше и практичната изработка на годишна програма и годишен буџет.
Обуката придонесе за подобрување на капацитетите на членките на извршната канцеларија за подготовка на стратешки планови, годишни програми и годишни буџети.
|