Главната цел на анализата е да го истражи капацитетот на политичките партии (18 парламентарни партии) за развивање, донесување и спроведување на родово сензитивни политики. Притоа, анализата се фокусира на два аспекта од работата на партиите: а) изнесениот став на партијата спрема позицијата на жената во општеството и рамноправноста на половите и б) внатрешната организираност, процедурите и активностите. Воедно, анализата е компаративна – се споредуваат состојбите на ПП во 2010-та година во однос на состојбите по однос на родово сензитивните политики, измерени во 2002-та година.
Во периодот октомври - декември 2010-та година се спроведени следниве активности:
- анализа на програмите на политичките партии;
- фокусирано интервју со претставници/чки на политичките партии;
- разгледувани се дополнителни документи преку кои се уредува работата на партиите;
- споредени се резултатите од оваа анализа со анализата спроведена во 2002 година;
- подготвена е публикација со наслов – „Осум Години подоцна, дали има напредок?“
Од вкупно 18 политички партии на кои им беше пристапено, повратно се добија 12 програми кои беа предмет на анализата. Програмите на 6 ПП не беа анализирани поради недостапност или затоа што се во фаза на изработка. Во интервјуто учествуваа 17 политички партии со исклучок на Сојузот на Ромите од Македонија кој не ја прифати соработката.
Публикацијата со резултатите од анализата е печатена и издадена во текот на месец декември. Јавната презентација на резултатите ќе се реализира преку прес – конференцијата во текот на месец февруари.