Како резултат на воспоставената соработка преку потпишувањето на Меморандумот за соработка со градоначалниците на одредени ЕЛС во период април – јуни 2010 година се организира вкупно 5 работилници во следниве општини: Куманово, Прилеп, Виница , Кичево, Битола, на работилниците учествуваа 92 државни службеници/чки.
Активностите се реализира во соработка со МТСП Секторот за еднакви можности и со активно учество на советничката за родови прашања на Министерот за труд и социјална политика Г-ѓа Елена Грозданова. Од посебно значење на овие настани беше третирањето на родова сензибилизираната анализа на локалните буџети, одредување на приоритети и утврдувањето на улогата и значењето на институционални механизми и нивните надлежности во креирањето и имплементацијата на родово сензитивни политики.
Учесниците се изјаснија дека стекнатите знаења ќе им послужат за изготвување на нивните акциските планови.Тие бараа да се организираат континурани едукации од овој вид. Ова за Антико беше многу добра можност да стекне ново искуство и информации за состојби на теренот и да направи ПО РЕАЛНА ПРОЦЕНКА НА КАПАЦИТЕТИТЕ И ПОТРЕБИТЕ ЗА РАЗВИВАЊЕ НА ПРОГРАМА ЗА ОБУКИ ЗА 2011 ГОД
Работилниците беа организирани и логистички поддржани - модерирани и фацилитирани од страна локалните членки и фацилитаторки на мрежата на Антико, Мониторингот беше реализиран од страна на персоналот на извршната канцеларија на Антико и едукативните тимови на Антико од соседните градови.
|