Врз основа на потребите и приоритетите на членките на ЖГИ Антико, беше утврдено дека приоритет е да се изработи план за финансиска одржливост на Антико, кој што ќе биде компатибилен со Стратешкиот план на организацијата. За таа цел се спроведе семинарот „Креирање на план за одржливост на Антико“ од 10 - 12.12.2010 во Скопје. Учествуваа преставници на структурите на Антико кои истовремено се на раководни позиции во локалните организации членки на мрежата на Антико (вкупно 21 учесничка), и тимот од извршната канцеларија Скопје.
Во поголемиот дел од сесиите се работеше практично во 4 групи и се следеа точките на Водичот за Креирање на Стратегија за финансиска одржливост. Во водичот беа наведени чекорите при развивање на Стратегијата и форматите кои можат да бидат искористени од страна на организациите приматели на грант од Програмата Civica Mobilitas при градење на нивниот фокусиран и стратешки пристап кон одржливоста и развивање на план за градење на капацитетите со цел, диверзификација на ресурсите и мобилизирање на дополнителни ресурси за реализација на нивната мисија.
Како последователна активност која ќе се одвива во консултации со обучувачките Катерина Спасовска и Ана Димирова - (ЦИРА) е да се подготви реален и конструктивен план за финансиска одржливост на Антико, кој ќе биде практично применлив и соодветен на потребите на организацијата.
Членките кои се на раководни позиции во локалните организации од мрежата на Антико (вкупно 21 учесничка), преку учеството на семинарот „ Креирање на план за одржливост на Антико“ ги зајакнаа своите вештини и знаења за изработка на план за финансиска одржливост, односно алатките и чекорите при развивање на планот кои во иднина можат да ги применат во нивните организации.
Учесничките на семинарот се запознаа и со можните начини за прибирање на средства односно обезбедување на финансиска одржливост на организациите. Семинарот беше посебно корисен поради фактот што учесничките практично ги применуваа теоретските сознанија за време на практичните вежби и пристапија кон креирање на планот за време на семинарот. Воедно на семинарот беше договорено во кои делови постоечкиот Стратешки план треба да се дополни и корегира и како да понатаму да се развива финансискиот план.
Во консултации со обучувачките на семинарот понатаму ќе се развива планот за одржливост и се очекува негова финализација во првата половина на 2011-та година.
|