По завршувањето на 40 - те одржани интерактивни тренинзи, форуми и трибини во 27 различни општини на Р. Македонија од изборните единици 1,2,5 и 6 од кои 10 градски и 30 рурални средини, започна кампањата, под мотото ,, Мојот глас Моја одлука,, важен дел од кампањата беше и дистибуцијата на промотивните и информативни материјали,. Акцијата дистрибуција на промотивни материјали се реализира на принципот ,,Врата до Врата,,. Повеќето од нив се реализираа во рурални средини каде овој проблем е воочен за време на минатите избори. Делени беа над 4000 примероци на информативни, промотивни и едукативни материјали од страна на 40-те лобисти членови/членки на мрежата на Антико, кои освен делењето на материјалите ,,врата до врата,, беа обучени да едуцираат и дадат основни информации со цел да влијаат за подигањето на гласачката култура во овие средини. Во рамките на оваа активност беа организирани и јавни перформанси во фреквентни места со делење на престилки и торби каде преку илустрации се пренесуваат повеќе пораки во однос на надминувањето на проблемот.
|