Во текот на месец мај 2010 година беа реализирани истражувања со 8 фокус групи во рамките на кампањата ,,Мојот глас Моја одлука,,. Истражувањето со фокус групи имаше за цел да се добијат сознанија за свесноста на жените, важноста на изборниот процес и правата на гласачите. Истражувањето придонесе да се утврди колку жените ги познаваат изборните процедури и правила и дали во овие средини е присутно семејното гласање, гласањето во името на друг, и друг вид на неправилности во текот на изборниот процес. Врз база на добиените резулатити од истажувањето се дизајнираа модулите на едукативната програма и широката капмпања. Фокус групи беа одржани во oпштините Гостивар, Теарце, Студеничани, Арачиново, Сарај, Долнени , Шуто Оризари и Струга каде учествуваа вкупно 72 жени. Организатори на овие активности беа локалните тимови на мрежата на Антико (истаражувањето се спроведе во соработка со партнер организација – ЦРПМ. Ова активност е дел од проектот ,, Мојот глас моја одлука,, поддржана од ЕДХРИ – ЕУ.
|