Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата

Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост

Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“

Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas

Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
 
 
сабота, 21 декември 2024
Oдржани 3 јавни дебати на тема: “Креирање на локални политики за унапредување на положбата на жената,, во Ресен, Струмица и Дебар
Датум: 01.4.2010
 
Мрежата на Антико во соработка со МТСП – Секторот за еднакви можности и Институт за родови студии при Филозовскиот факултет во Скопје оддржаа три јавни дебати во Ресен (19.03.2010), Струмица (26.03.2010) и Дебар (30.03.2010) на тема “Креирање на локални политики за унапредување на положбата на жената”. На јавните дебати учествуваа вкупно 83 учесници од релевантни институции како што се локалната самоуправа (советници, членови на родовите комисии), центрите за социјална работа, полиција, суд, училишта, невладини организации, медиуми и жени кои се активни како во политичкиот, така и во и општествениот живот на локално ниво (од политички партии и бизнис секторот).
 
Јавните дебати се реализираа во соработката со претставници од МТСП и Институтот за родови студии при Филозофскиот факултет .
 
Јавните дебати придонесоа кон отварање на дискусии во однос на идентифукување на потребите и проблемите на жените на локално ниво од каде произлегоа конкретни препораки и решенија. Заклучокот беше дека најголеми потешкотии со кои се соочуваат родовите комисии за еднакви можности се во однос на подготовка и реализацијата на акциските планови, малите буџети со кои располагаат и недостатокот на родово сензибилизирани ресурси.
 
Препораките кои произлегоа од дискусиите се движат во насока на поактивно делување на родовите комисии во однос на нивните ингеренции и воспоставување на  меѓусебна соработка и  поддршка со граѓанските организации на локално ниво кои имаат експертиза во оваа област. Преку организирање на ваков вид настани на локално ниво се придонесува кон ефективното спроведување на Закон за еднакви можности и подобрувањето на фактичката состојба во однос на креирањето на ефективни и спроведливи локални родови политики. Фацилититатори на јавните дебати беа Проф. Слободанка Марковска и државната советничка Елена Грозданова. На настаните учествуваше и кординаторката на програмата Дона Димов Марковска Логистичка поддршка за организирање на настаните дадоа локалните членките на на Антико, од Ресен - Весна Миркова , Струмица – Весна Петкова  и  Дебар – Соња Топалавска, кои беа ангажирани во текот на подготовките и ги модерираа јавните дебати.
 
 
 
12.6.2018 - Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon!
18.5.2018 - Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот
14.5.2018 - Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции
02.4.2018 - Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО
29.3.2018 - Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“
25.1.2018 - Одржана конститутивна седница на Националното координативно тело против семејно насилство
12.1.2018 - ПОВИК ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ
18.12.2017 - Одржан е четвртиот граѓански собир.Карпош 15/12/2017
13.12.2017 - Граѓански собир во Општина Карпош
07.12.2017 - КАНАТЛАРЦИ - О. ПРИЛЕП 07.12.2017
07.12.2017 - ШУТО ОРИЗАРИ - 07/12 / 2017
06.12.2017 - Општина Теарце-
05.12.2017 - Куманово, 04/12/2017/
04.12.2017 - Финалниот настан за презентирање на резултатите од ИПА повеќегодишната Програма за развој на човечките ресурси 2007-2013
02.12.2017 - Гостивар-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ОДРЖАН ТРЕТИОТ ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ВО ОПШТИНА КАРПОШ
01.12.2017 - Пробиштип-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ДЕЛЧЕВО 01.12.2017 год. - Работилница со лица со попреченост на тема „Заштита од родово базираното насилство“
01.12.2017 - С.БУДАКОВО-МОГИЛА 29.11.2017 год. -
01.12.2017 - Општина Јегуновце - Меѓународната Кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.