Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата

Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост

Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“

Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas

Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
 
 
сабота, 21 декември 2024
Претставничка на Антико учествуваше на обука на тема „Подготовка на апликација за проекти финансирани од фондовите на Европска Унија“
Датум: 06.5.2011
 
Од 04-05 мај 2011 во хотел „Дрим“, Струга, беше одржана обука организирана од страна на ТАКСО на тема: „Подготовка на апликација за проекти финансирани од фондовите на Европска Унија“. Оваа обука е дел од националната програма за обуки и имаше за цел да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации за аплицирање за проекти финансирани од фондовите на ЕУ. Покрај тоа, искусните експерти и обучувачи, Сандра Бенќиќ и Младен Војновиќ, ги поттикнаа граѓанските организации да научат како да пополнуваат апликации за ЕУ и истите да ги достават до ЕУ фондовите.

За време на работните сесии на семинарот беа опфатени темите:

- Преглед на менаџмент на програм и проектен циклус - Вовед во документацијата за повици за предлог проекти со фокус на насоките за апликантите
- Што го прави високо квалитетен еден проект
-  Фаза на идентификација – анализа на чинители, дрво на проблеми
- Од анализа на проблеми до вертикална проектна логика
- Подготвување на логичка рамка
- Подготвување на проектна апликација
- Буџетирање
- Оценка на квалитетот на проектот
- Спроведување на проекти финансирани од ЕУ

Преку ефективни методи на работа, односно презентација (користење на визуелни средства), работа во групи (практични вежби)и дискусија, обучувачите одговораа на прашања поставувани од страна на учесниците и споделуваа многу примери за подготвување и спроведување на проекти финансирани од ЕУ. На крајот од обуката учесниците дојдоа до заклучок дека вакви обуки за граѓанските организации треба да се одржуваат и во иднина за да може да се подобри практитката за аплицирање во ЕУ фондовите.

 
 
 
12.6.2018 - Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon!
18.5.2018 - Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот
14.5.2018 - Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции
02.4.2018 - Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО
29.3.2018 - Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“
25.1.2018 - Одржана конститутивна седница на Националното координативно тело против семејно насилство
12.1.2018 - ПОВИК ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ
18.12.2017 - Одржан е четвртиот граѓански собир.Карпош 15/12/2017
13.12.2017 - Граѓански собир во Општина Карпош
07.12.2017 - КАНАТЛАРЦИ - О. ПРИЛЕП 07.12.2017
07.12.2017 - ШУТО ОРИЗАРИ - 07/12 / 2017
06.12.2017 - Општина Теарце-
05.12.2017 - Куманово, 04/12/2017/
04.12.2017 - Финалниот настан за презентирање на резултатите од ИПА повеќегодишната Програма за развој на човечките ресурси 2007-2013
02.12.2017 - Гостивар-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ОДРЖАН ТРЕТИОТ ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ВО ОПШТИНА КАРПОШ
01.12.2017 - Пробиштип-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ДЕЛЧЕВО 01.12.2017 год. - Работилница со лица со попреченост на тема „Заштита од родово базираното насилство“
01.12.2017 - С.БУДАКОВО-МОГИЛА 29.11.2017 год. -
01.12.2017 - Општина Јегуновце - Меѓународната Кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.