Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата

Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост

Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“

Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas

Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
 
 
сабота, 21 декември 2024
Младите правници од Кичево покажаа интерес за законската легислатива за родова рамноправност
Датум: 05.5.2011
 
На 4 мај во Кичево беше одржана дискусиона група со студенти од Правен факултет на Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ на тема: „Подобрување на постоечката законска легислатива за родова рамноправност, нејзино усогласување со ЕУ стандардите и развивање на соодветни алатки за ефективно спроведување во пракса.“  Настанот беше отворен од страна на асистентот на Правниот факултет Кичево м-р Светлана Велјановска која имаше поздравен збор при што укажа на важноста на родова еднаквост воопшто, но и во напорите за евро-атлантски интеграции.

Фацилитаторката, Афердита Хаџијаха Имери, имаше презентација на тема “Европските документи и законодавно - правната рамка за родова рамноправност во Република Македонија”. Презентацијата беше од информативен и образовен карактер и опфати неколку аспекти од родовата рамноправност.

Заклучоците и препораките кои прозилегоа од дискусијата се следните:
· Со оглед на тоа што учесниците беа студенти од Правен факултет важноста на овој настан е двојна. Дискусијата допринесе да се подигне нивото на освестување разбирање на, родовите прашања. Исто така, таа овозможи целната група, идни правници, подобро да ги претстават идните клиенти жени или поефикасно да го спроведат законот кога се во прашање родовите односи и еднаквоста помеѓу родовите како идни правници т.е. професионалци;
· Студентите беа заинтересирани за прашања од областа на родовите односи, но се покажа дека голем број од нив се запознаети со проблематиката повеќе од лично искуство отколку од структуриран пристап и учењето на факултет;
· Студентите до одредена мера ја познават законската регулатива, но им недостига вистинското разбирање за прашањето, а со тоа и соодветна примена на регулативата во пракса. Знаењето е теоретско и не е поврзано со примерите од пракса;
· Од горенаведеното се препорачува понатамошна едукација на оваа целна група, но и да се разгледа можноста за проширување и да се опфатат и дипломираните невработени правници (тие немаат можности за до-едукација).
 
 
 
12.6.2018 - Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon!
18.5.2018 - Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот
14.5.2018 - Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции
02.4.2018 - Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО
29.3.2018 - Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“
25.1.2018 - Одржана конститутивна седница на Националното координативно тело против семејно насилство
12.1.2018 - ПОВИК ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ
18.12.2017 - Одржан е четвртиот граѓански собир.Карпош 15/12/2017
13.12.2017 - Граѓански собир во Општина Карпош
07.12.2017 - КАНАТЛАРЦИ - О. ПРИЛЕП 07.12.2017
07.12.2017 - ШУТО ОРИЗАРИ - 07/12 / 2017
06.12.2017 - Општина Теарце-
05.12.2017 - Куманово, 04/12/2017/
04.12.2017 - Финалниот настан за презентирање на резултатите од ИПА повеќегодишната Програма за развој на човечките ресурси 2007-2013
02.12.2017 - Гостивар-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ОДРЖАН ТРЕТИОТ ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ВО ОПШТИНА КАРПОШ
01.12.2017 - Пробиштип-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ДЕЛЧЕВО 01.12.2017 год. - Работилница со лица со попреченост на тема „Заштита од родово базираното насилство“
01.12.2017 - С.БУДАКОВО-МОГИЛА 29.11.2017 год. -
01.12.2017 - Општина Јегуновце - Меѓународната Кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.