Во периодот од 01 - 03.07.2011 во хотел Солферино, Струга, ЖГИ Антико организираше обука за јакнење на капацитетите на членките од мрежата на Антико на тема: „Употреба на социјални медиуми од страна на ГО“, што претставува планирана активност во рамките на програмата на ЖГИ Антико за 2011-та година.
Членките на мрежата на Антико ја идентификуваа потребата од ваков вид на обука со цел да ги надградат своите знаења и вештини за користење на социјалните медиуми и истите да ги применат во своите локални организации и за мрежата на Антико. Целта на оваа обука беше да олесни поврзувањето и комуникацијата внатре во мрежата и со надворешното опкружување, пренесување и размена на информации и податоци, како и пренесување на пораки до целните групи и засегнатите страни во заедницата.
За време на обуката беа опфатени следните теми: како интернетот го промени начинот на кој комуницираме, креирање и одржување на организациски блог и Facebook.
Обуката во целиот свој тек беше интерактивна, учесничките имаа можност директно да работат на компјутер и практично да ги применуваат теоретските упатства од страна на обучувачите. Дискусијата која се разви помогна да се дефинираат насоките кон кои ЖГИ Антико ќе се ориентира во наредниот период, секако со поддршка и стручна помош на обучувачите.
Обуката од страна на учесничките беше оценета позитивно како корисна, а стекнатите знаења, применливи во пракса.
|