Во периодот октомври – декември 2010-та година ЖГИ Антико ја спроведе родовата анализа на програмите на ПП која опфаќаше: родова анализа на програмите на политичките партии, фокусирано интервју со претставници/чки на политичките партии, разгледување на дополнителни документи преку кои се уредува работата на партиите и споредени се резултатите од оваа анализа со анализата спроведена во 2002 година со наслов ,,Жените во власта,, која исто така беше реализирана (за прв пат) во Македонија од страна на ЖГИ Антико.
Спроведената родова анализа на 17-те парламентарни политички партии дава одговор на прашањата - дали и колку политичките субјекти ја распознаваат важноста на учеството на жените како рамноправен фактор во јавниот и политичкиот живот или, пак, тие сеуште имаат селективен пристап во однос на позиционирањето на нивните членки во партиските структури.
Спроведените активности во беа продолжение и одржување на континуитетот на активностите реализирана во 2010год, во рамките на годишната програма.Обработката на податоците и содржината на публикацијата (резултатите од спроведенета анализа), ја подготви експертката за родови прашања, Афердита Хаџијаха Имери, при крајот на месец декември 2010-та година.
Планираната прес – конференција за промовирање на публикацијата насловена како: Родова анализа на програмите на политичките партии: „Осум години подоцна, дали има напредок? се одржа на 02.02.2011-тагодина со почеток во 11 часот, во НВО Инфоцентар – Скопје.
На прес – конференцијата авторката на публикацијата и претставничките на ЖГИ АНТИКО, Ѓунер Небиу и Даница Јованова, ги презентираа применетата методологија на анализа, резултатите од истражувањето и препораките за натамошни активности. Беа присутни претставници од 14 медиуми (електронски и печатени), кои пројавија интерес за темата и поставуваа прашања во врска со положбата на жените во политичките процеси и нивната процентуална застапеност. Воедно, беа направени и посебни прилози за телевизиите ТВ Ера; МТВ 2 и МТМ. Последователно следеа уште неколку гостувања во програми на медиумите.
|