|
|
Едукациите на Антико предизвикаа голем интерес во општина Кисела Вода Датум: 15.4.2011 |
|
|
Во општина Кисела Вода беше реализиран циклус од четири работилници на теми: „Основи на дискриминација“, „Институционална и правна рамка за родова рамноправност“, „Родово буџетирање“ и „Планирање и подготовка на локални акции“. Активно учество на циклусот од 4 работилници земаа 23 учесници, од кои 18 жени и 5 мажи. Што се однесува до етничката припадност, сите учесници беа македонци.
Општиот впечаток од спроведените четири работилници во општина Кисела Вода е дека родовите аспекти не се третираат со потребното внимание и дека постои слаба комуникација и консултации внатре во општината во однос на родовите прашања. Учесниците од општината особено нагласија дека во иднина ќе направат напори да ги пренесат знаењата до другите вработени во општината, а воедно и да го информираат градоначалникот. Покрај тоа, со оглед на фактот дека немаат изработено локален акциски план за родова рамноправност, учесниците истакнаа дека ќе се залагаат истиот да се изработи за 2012-та година во консултации со претставничките од ЖГИ Антико. Од страна на едукаторките им беше сугерирано дека треба да лобираат да се назначи координатор за еднакви можности во општината, бидејќи и законската регулатива ја пропишува оваа обврска на општината. По завршувањето на циклусот на работилници, договорено е средбите помеѓу претставниците од локалната самоуправа и ЖГИ Антико да продолжат и понатаму со цел да се дефинираат компонентите на акцискиот план и да се поттикне одредена јавна акција во општината од страна на учесниците на работилниците.
|
|
|
|
|
|
|
12.6.2018 - Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon! |
|
18.5.2018 - Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот |
|
14.5.2018 - Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции |
|
02.4.2018 - Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО |
|
29.3.2018 - Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ |
|
25.1.2018 - Одржана конститутивна седница на Националното координативно тело против семејно насилство |
|
12.1.2018 - ПОВИК ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ |
|
18.12.2017 - Одржан е четвртиот граѓански собир.Карпош 15/12/2017 |
|
13.12.2017 - Граѓански собир во Општина Карпош |
|
07.12.2017 - КАНАТЛАРЦИ - О. ПРИЛЕП 07.12.2017 |
|
07.12.2017 - ШУТО ОРИЗАРИ - 07/12 / 2017 |
|
06.12.2017 - Општина Теарце- |
|
05.12.2017 - Куманово, 04/12/2017/ |
|
04.12.2017 - Финалниот настан за презентирање на резултатите од ИПА повеќегодишната Програма за развој на човечките ресурси 2007-2013 |
|
02.12.2017 - Гостивар-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,, |
|
01.12.2017 - ОДРЖАН ТРЕТИОТ ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ВО ОПШТИНА КАРПОШ |
|
01.12.2017 - Пробиштип-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,, |
|
01.12.2017 - ДЕЛЧЕВО 01.12.2017 год. - Работилница со лица со попреченост на тема „Заштита од родово базираното насилство“ |
|
01.12.2017 - С.БУДАКОВО-МОГИЛА 29.11.2017 год. - |
|
01.12.2017 - Општина Јегуновце - Меѓународната Кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“ |
|
|
|