Првата работилницаво општина Шуто Оризари се одржа на 21.03.2011, понеделник – на тема: „Институционална и правна рамка за родова рамноправност“ и имаше за цел поблиску да ги запознае учесниците со правната регулатива и родовата машинерија за унапредување на еднаквите можности на жените и мажите.Во воведниот дел беше даден осврт и на темата „Основни поими на родов концепт“, се со цел учесниците да се запознаат подобро со терминологијата и родовиот концепт. Активно учество на работилницата земаа вкупно 10 учесници, од кои 9 жени и еден маж. Според етничката застапеност од вкупниот број на учесници имаше 8 роми и 2 македонци.
Заклучоци
Од претставниците на општината бевме информирани дека во рамките на советот неодамна е формирана Комисија за еднакви можности и избрана претседателка на комисијата, така што им е неопходна поддршка за понатамошната работа и подготовката на акцискиот план. Затоа се договоривме на наредните работилници поконкретно да ги разработиме проблемите во општината и да ги формулираме насоките за изработката на планот за акција.
Исто така, претставничките од образовните структури предложија во текот на наставата повеќе внимание да се посвети на родовата едукација на учениците.
Општ впечаток од првата работилница е дека постои интерес за понатамошна соработка и волја да се работи на родовите прашања, но недоволната информираност и финансиите се пречка да се превземат конкретни акции. Затоа и вниманието на учесниците беше повеќе насочено кон практичната примена на теоретските сознанија, така што во таа насока и обучувачките се обидоа да им ја доближат материјата.
Обучувачките напоменаа дека и по завршување на обуката процесот на консултации и комуникација ќе продолжи, а по потреба ќе се реализираат и заеднички средби, со цел да се подготви реален и конструктивен акциски план соодветен на потребите во општината.
|