Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата

Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост

Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“

Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas

Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
 
 
сабота, 21 декември 2024
Локалните акции спроведени во Општина Гостивар ги охрабрија и зајакнаа жените од овој реон
Датум: 09.2.2011
 
Првата локална акција „Насилството, оружје на слабите!“ спроведена во руралните средини во Општина Гостивар имаше за цел да го зголеми нивото на сензибилизираност, разбирање и препознавање на појавата на семејно насилство кај жените од руралните средини; утврдување на основните индикатори за појавата на семејното насилство и зајакнување на самодовербата кај жените и нивно охрабрување за преземање чекори за пријавување и заштита од насилството.
 
За постигнување на оваа цел беа реализирани две едукативни работилници и еден јавен форум на кои активно учествуваа 50 лица. За промовирање подигање на јавната свест на жените во општината и селовкупната јавност, во рамките на локалната акција, иницирана и реализирана од страна на целната група во соработка со локалните тимови на Антико, беше изработен и видео спот кој беше прикажуван во регионалната ТВ Кисс со времтраење од 10 дена, со прикажување на ударни термини три пати дневно.
 
 
Втората локална акција во оваа општина се реализирате под насловотСтресниот живот на младите девојчиња“ и го третираше проблемот со појавата на стресот кај младите девојки, што во голема мера зависи од родовите улоги наметнати во семејството и општеството. За едуцирање на младите девојки како да се справат со стресот кој произлегува од нееднаквите родови улоги беа организирани 2 работилници на кои присуствуваа вкупно 42 учеснички. Едукатори на работилниците беа двајца експерти од областа на психологијата. Стереотипите за родовите улоги често се извор за појавата на стресот кај младите девојки.
 
Како резултат на едукацијата беа покренати прашањата за тоа дека родовите улоги и односи и стереотипното патријархално воспитување и вредности на кои се изложени децата од нивното раѓање, условува момчињата често да бидат доминантни, поагресивни и да ги сокријат своите емоции. Овој начин на стреотипно воспитување влијае машките деца да имаат поголема моќ во однос на девојките.
 
Девојките од раното детство ги учат дека треба да бидат послушни, посветени кон домот и семејството, пасивни итн. Ова е еден типичен пример на постоење на висок степен на патријархални вредности во овие средини кои ја условуваат и ја одржуваат родовата нерамноравност, која освен што ги дискриминира девојките и жените, многу негативно се рефлектира и врз нивното психо-физичко зравје. Една од честите последици на оваа состојба е појавата на стресот кај младите девојки.
 
Преку јавната дебата со младите и нивните професори, се зголеми информираноста за појавата на стресот. Тие беа запознаени со причините и последиците од стресот, како и методите на превенција и заштита. Фокусот беше ставен на подигнувањето на јавната свест за корените на проблемот гледан од родова димензија.
 
 
 
12.6.2018 - Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon!
18.5.2018 - Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот
14.5.2018 - Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции
02.4.2018 - Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО
29.3.2018 - Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“
25.1.2018 - Одржана конститутивна седница на Националното координативно тело против семејно насилство
12.1.2018 - ПОВИК ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ
18.12.2017 - Одржан е четвртиот граѓански собир.Карпош 15/12/2017
13.12.2017 - Граѓански собир во Општина Карпош
07.12.2017 - КАНАТЛАРЦИ - О. ПРИЛЕП 07.12.2017
07.12.2017 - ШУТО ОРИЗАРИ - 07/12 / 2017
06.12.2017 - Општина Теарце-
05.12.2017 - Куманово, 04/12/2017/
04.12.2017 - Финалниот настан за презентирање на резултатите од ИПА повеќегодишната Програма за развој на човечките ресурси 2007-2013
02.12.2017 - Гостивар-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ОДРЖАН ТРЕТИОТ ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ВО ОПШТИНА КАРПОШ
01.12.2017 - Пробиштип-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ДЕЛЧЕВО 01.12.2017 год. - Работилница со лица со попреченост на тема „Заштита од родово базираното насилство“
01.12.2017 - С.БУДАКОВО-МОГИЛА 29.11.2017 год. -
01.12.2017 - Општина Јегуновце - Меѓународната Кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.