Локалниот акциски план „Ги промовираме нашите вештини“ спроведен во општина Теарце беше насочен кон економско зајакнување на жените, односно зголемување на нивната самодоверба и подобрување на информираноста за техниките за промовирање на нивните вештини и производи изработени во домашни услови.
Активностите од локалната акција придонесоа да се анимираат жените во процесот на промоција, презентација и пласман на производите кои што тие самите ги произведуваат, со што и тие ќе придонесат за благосостојбата на нивните семејства и на општеството како целина.
Преку две едукативни работилници 40 жени добија можност да научат повеќе за економското зајакнување, а со тоа и да ја стекнат својата независност. За промоција на производите кои жените од целната група рачно ги изработуваат беше организиран базар, поддржан и во соработка со самата општина Теарце и градоначалникот на општината, на кој имаше 69 учесници. Покрај тоа, овој настан беше и медиумски поддржан од ТВ Арт, а статии беа објавени во печатените медиуми Факти, Коха и на веб страницата www.yllpress.com. Исто така, за актуелизирање на вклучувањето на жените во економскиот сектор одржана е една јавна дебата каде присуствуваа 35 учесници - градоначалникот на општина Теарце, релевантни субјекти од општината и бизнис секторот и други засегнати страни.
Како надоврзување на претходната локална акција, во рамките на акцискиот план „Да ја претвориме идејата во успех“ беа снимени три документарни филмови во времетраење од 20 минути од страна на ТВ Арт и истите беа емитувани на оваа телевизија. Филмовите имаа едукативен карактер – подобрување на економската положба на жените во општината од аспект на конкурентноста, пристапот до пазарот на трудот, самовработувањето и претприемништвото и информации за постоечките владини политики и мерки – а соговорници беа економски експерти, успешни жени бизнисменки и претставници од локалните субјекти.
Со цел да имаат можност и одблиску да се запознаат со успешноста на жена бизнисменка за целната група, во соработка со локалната координаторка, беше организирана средба со успешна жена претприемничка во општина Гостивар. На овој начин, жените се запознаа со една успешна приказна и разменија позитивни искуства за развој на претприемништвото и можностите за реализација на нивните бизнис идеи.
|