Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата

Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост

Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“

Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas

Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
 
 
сабота, 21 декември 2024
Работилници во општина Сопиште
Датум: 14.4.2011
 

Женската Граѓанска Иницијатива Антико во рамките на својата годишна програма спроведува работилници со претставници од локалните самоуправи од општините на територијата на град Скопје кои имаат за цел да воспостават континуирана соработка и да дадат заеднички придонес во промовирањето и унапредувањето на родовата рамноправност, а со тоа и кон ефективната примена на законската регулатива. ЖГИ Антико смета дека соработката со Единиците на локалната самоуправа е од особена важност, бидејќи токму во локалните заедници непосредниот контакт со граѓаните овозможува да се мапираат нивните приоритети и потреби, и истите да се инкорпорираат во локалните програми и планови за работа.

Оттука, во општина Сопиште се одржаа 4 работилници каде што беа опфатени темите: основи на дискриминацијата, лобирање и застапување, прибирање на родово распределени податоци и родова анализа и родово буџетирање. Активно учество во работилниците земаа вкупно 11 претставници – од образовните институции (4) и од општината (7 – градоначалник, претседателка на КЕМ, координаторка за еднакви можности, аналитичар, претставник од финансиско одделение, административни работници).  

На едната од работилниците присуствуваше и градоначалникот на општината кој ја поддржа соработка на општината со граѓанските организации и изрази подготвеност да ги поддржи активностите на КЕМ со одредени финансии од општинскиот буџет во рамките на можностите на општината. Групата, пак, која учествуваше беше особено активна во дискусиите на сесијата за прибирање на родово распределените податоци. Присутните претставници од образовните институции истакнаа дека редовно ги ажурираат статистичките податоци и дека располагаат со родово разделени податоци кои по потреба ги доставуваат до општинската власт. Од друга страна, координаторката за еднакви можности спомена дека прибирањето на податоци во одделни сектори е проблем поради немањето на кадар и финансии да се спроведе потребното истражување.

Од сите четири одржани работилници произлегоа заклучоци кои се од особена важност за увидувањето на потребите и овозможувањето на понатамошна едукација на администрацијата и сите други инволвирани страни во развојот на единиците за локална самоуправа. Некои од поважните заклучоци се следните:
- постоење на недоволна информираност и едуцираност на субјектите во општината за контакт центрите и правните застапници за заштита и превенција од дискриминација;
- во однос на насилството врз жените како еден од најсуровите облици на дискриминација, учесниците истакнаа дека е потребна едукација од најмала возраст (да бидат застапени ваков вид на програми во образовниот процес), со цел да се превенира појавата на предрасуди и стереотипи кои понатаму водат кон дискриминаторско однесување и насилство;
- потребата од постоење на родово разделени статистички податоци и родова анализа која ќе им помогне полесно и сеопфатно да ги креираат активностите и програмите на кои работат;
- стекнатите знаења, учесниците особено ќе ги искористат во напорите Комисијата за еднакви можности да обезбеди средства за спроведување на локалниот акциски план и да издејствува отворање на гинеколошка амбуланта и детска градинка во општината, затоа што непостоењето на институции од ваков вид во општината, го наведоа како голем проблем на кој треба да му се посвети внимание.
 
 
 
12.6.2018 - Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon!
18.5.2018 - Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот
14.5.2018 - Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции
02.4.2018 - Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО
29.3.2018 - Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“
25.1.2018 - Одржана конститутивна седница на Националното координативно тело против семејно насилство
12.1.2018 - ПОВИК ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ
18.12.2017 - Одржан е четвртиот граѓански собир.Карпош 15/12/2017
13.12.2017 - Граѓански собир во Општина Карпош
07.12.2017 - КАНАТЛАРЦИ - О. ПРИЛЕП 07.12.2017
07.12.2017 - ШУТО ОРИЗАРИ - 07/12 / 2017
06.12.2017 - Општина Теарце-
05.12.2017 - Куманово, 04/12/2017/
04.12.2017 - Финалниот настан за презентирање на резултатите од ИПА повеќегодишната Програма за развој на човечките ресурси 2007-2013
02.12.2017 - Гостивар-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ОДРЖАН ТРЕТИОТ ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ВО ОПШТИНА КАРПОШ
01.12.2017 - Пробиштип-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ДЕЛЧЕВО 01.12.2017 год. - Работилница со лица со попреченост на тема „Заштита од родово базираното насилство“
01.12.2017 - С.БУДАКОВО-МОГИЛА 29.11.2017 год. -
01.12.2017 - Општина Јегуновце - Меѓународната Кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.