Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата

Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост

Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“

Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas

Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
 
 
сабота, 21 декември 2024
Спроведени активности во рамки на проектот „Мојот глас - моја одлука“
Датум: 15.11.2010
 
Реализацијата на средбите со фокус групите се одвиваше во периодот од 03.11.2010 – 13.11.2010-та година во 8 рурални средини на територијата на Република Македонија. Во консултации со локалните организаторки и претставниците на Центарот за истражување и креирање политики (ЦРПМ) се утврдија точните термини за одржување на средбите. Истите беа фацилитирани од страна на претставничка од ЦРПМ.

Целта на средбите беше да се утврди дали е зголемено нивото на свесност на жените за проблемот со злоупотребата на нивниот глас за време на изборниот процес (семејно гласање, гласање во име на друг или појава на други видови на неправилности) како резултат на претходно спроведените едукации и средби на оваа тема. Компаративните согледувања ќе бидат искористени за креирање на следни активности во насока на надминување и елиминирање на оваа појава.

Преглед на одржаните фокус групи:
  • с. Лажани,  општина Долнени - 03.11.2010 (присутни 9 учеснички)
  • с. Теарце, општина Теарце - 04.11.2010 (присутни 7 учеснички)
  • с. Ливада, општина Струга - 06.11.2010 (присутни 10 жени)
  • Општина Шуто Оризари - 08.11.2010 (присутни 7 учеснички)
  • с. Арачиново, Скопје - 10.11.2010 (присутни 8 учеснички)
  • с. Чегране, општина Гостивар - 11.11.2010 (присутни 11 учеснички)
  •  Општина Сарај - 12.11.2010 (присутни 7 учеснички)
  • С. Батинци , општина Студеничани – 13.11.2010 (присутни 10 учеснички)
Вкупно на фокус групите беа присутни 69 жени.  
 
Семејното гласање и другите видови на неправилности за време на изборниот процес, сериозно го нарушуваат кредибилитетот на изборите, веродостојноста на добиените резултати и воопшто имаат негативно влијание врз демократските процеси во Република Македонија. Посебно загрижува фактот што жените се најчести жртви на ваквите појави, односно забележителна е појавата на злоупотреба на женските гласови за време на изборниот процес, особено во руралните средини.
За да се надминат овие проблеми беа преземени активности во насока на информирање на жените за изборниот процес и зајакнување на нивната свест за самостојно донесување на одлуки. Со други зборови, жените треба да се запознаат со сите аспекти на изборниот процес, начинот на гласање, можните неправилности во текот на гласањето и мерките кои треба да ги превземат за да ги заштитат своите одлуки од притисоци и злоупотреба. Сите овие аспекти беа тема на средбите на фокус групите. Се разговараше за нивните размислувања и ставови и имаа прилика да поставуваат конкретни прашања и дополнително да се информираат.

Заклучоци од средбите:

- да се интензивира едукацијата на жените пред одржување на избори и да се опфати и младата популација;

- жените се чувствуваат исплашено, збунето и незнаат како да постапат кога организирано се носат на гласање и добиваат инструкции за кого да гласаат/ потребно е повеќе да се информираат како да реагираат во такви случаи;

- жените не се задоволни од предложените кандидати и немаат многу избор за кого да го дадат својот глас.

Може да се констатира дека постои напредок во однос на почетната состојба, меѓутоа потребна е континуирана едукација особено во доменот на механизмите за заштита на правото на избор на жените, казнените мерки и надлежните субјекти каде што жените можат да се обратат за помош и поддршка

 
 
 
12.6.2018 - Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon!
18.5.2018 - Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот
14.5.2018 - Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции
02.4.2018 - Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО
29.3.2018 - Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“
25.1.2018 - Одржана конститутивна седница на Националното координативно тело против семејно насилство
12.1.2018 - ПОВИК ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ
18.12.2017 - Одржан е четвртиот граѓански собир.Карпош 15/12/2017
13.12.2017 - Граѓански собир во Општина Карпош
07.12.2017 - КАНАТЛАРЦИ - О. ПРИЛЕП 07.12.2017
07.12.2017 - ШУТО ОРИЗАРИ - 07/12 / 2017
06.12.2017 - Општина Теарце-
05.12.2017 - Куманово, 04/12/2017/
04.12.2017 - Финалниот настан за презентирање на резултатите од ИПА повеќегодишната Програма за развој на човечките ресурси 2007-2013
02.12.2017 - Гостивар-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ОДРЖАН ТРЕТИОТ ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ВО ОПШТИНА КАРПОШ
01.12.2017 - Пробиштип-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ДЕЛЧЕВО 01.12.2017 год. - Работилница со лица со попреченост на тема „Заштита од родово базираното насилство“
01.12.2017 - С.БУДАКОВО-МОГИЛА 29.11.2017 год. -
01.12.2017 - Општина Јегуновце - Меѓународната Кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.