Женската Граѓанска Иницијатива Антико одржи Конференцијата на тема: „Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство“ во хотел „Stone Bridge“ во Скопје на 24.02.2011 година (четврток) со почеток во 11:00 часот.
Главната цел на оваа конференција е да ги поттикнеме учесниците (претставници на локалните заедници, Комисиите за еднакви можности, локалните жени од руралните средини, невладини и меѓународни организации) да ги споделат своите искуства и ставови и да разменат добри пракси кои во иднина ќе придонесат за зајакнување на економската свест и социјалното вклучување на жените од руралните средини, како и практични решенија за подобрување на положбата на жената во традиционалното патријархално општество.
Оваа конференција е резултат на истоимениот проект поддржан од UN WOMEN кој ги мобилизираше жените од руралните подрачја да ги зајакнат сопствените капацитети за промовирање на позитивни цели и идеали за мир, толеранција, демократија, еднаквост, достоинство и човекови/женски права во заедниците на Република Македонија.
Фацилитаторки / презентерки на оваа конференција ќе бидат членки од ЖГИ Антико, како и претставничка од Министерството за труд и социјална политика кои имаат долгогодишно искуство и знаење од оваа област.
|