Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата

Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост

Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“

Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas

Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
 
 
сабота, 21 декември 2024
Во рамки на проектот „Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство-2“ се одржа првиот циклус на работилници
Датум: 04.8.2010
 
Преку поттикнување на активизмот и социјалната инклузија кај руралните жени и зајакнувањето на нивните капацитети за идентификување на проблемите и спроведување на акции во заедницата ќе се овозможи унапредување и подобрување на статусот и положбата на жените во руралните средини. ЖГИ Антико и нејзините локалните координаторки во рамки на проектот „Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство – 2“ поддржан од УНИФЕМ го спроведоа првиот циклус од 16 работилници во 4 рурални средини: Теарце, Могила, Дебар и Гостивар.
 
Во периодот од 26.06 – 30.07.2010-та година, во текот на 16-те работилници, на жените им беа презентирани темите: родови концепти, родова рамноправност, женски човекови права/женски прашања и планирање на акции и изработка на акциски план.
 
Во рамките на темата родови концепти во која жените имаа можност подетално да се запознаат со основните поими за род и пол, за родовите улоги, за стереоптипите кои постојат и за дискриминацијата. Преку оваа тема тие ги изразија нивните најголеми потреби и проблеми како што се невработеноста, потребата од одлуки со кои би можеле професионално да зајакнат и проблемите во нивната заедница, на пример, недостаток на јавна хигиена која дирекно влијае на здравјето на жителите во општината.
 
Работилниците кои ја опфатија темата родова еднаквост вклучуваа објаснување на поимот, квантитативниот и квалитативниот аспект, родово сензибилизираните политики, законите, политичките мерки и квоти. Учесничките активно учествуваа во вежбите и се изјаснија за заедничко работење до реализирање на локалната акција, но и понатамошна соработка во други преземени активности, како и вклучување на други жени за поуспешно реалзиирање на акциите.
 
Темата на третата работилница беше женски човекови права. Преку оваа тема на жените им беа прикажани концептите и ограничувањата (религиски, обичајни и законски), правната заштита која им е достапна на жените, конвенциите кои постојат итн. Повторно темата беше позитивна мотивација за учесничките кои дискутираа за традиционалните односи во нивните семејства и во заедницата во која живеат.
 
Првиот циклус на работилници го затвори работилницата на тема планирање на акции и изработка на акциски план. Оваа тема беше презентирана преку идејата за позитивна и негативна мотивација и невладиниот сектор како можност за женско здружување и акција. Работилниците се завршија успешно и жените учеснички со ентузијазам беа подготвени за креирање на локалната акција.
 
На овие работилници беа опфатени 100 жени од рурални средини од албанска, македонска, турска и ромска националност, како и македонки муслиманки. Според добиените податоци најголемиот број (64%) од учесничките на овие работилници имаат само основно образование, додека само 13% имаат завршено високо образование. Покрај тоа, алармантен е податокот што 76% од нив се невработени, а дури 92% не се општествено активни.
 
 
 
12.6.2018 - Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon!
18.5.2018 - Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот
14.5.2018 - Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции
02.4.2018 - Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО
29.3.2018 - Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“
25.1.2018 - Одржана конститутивна седница на Националното координативно тело против семејно насилство
12.1.2018 - ПОВИК ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ
18.12.2017 - Одржан е четвртиот граѓански собир.Карпош 15/12/2017
13.12.2017 - Граѓански собир во Општина Карпош
07.12.2017 - КАНАТЛАРЦИ - О. ПРИЛЕП 07.12.2017
07.12.2017 - ШУТО ОРИЗАРИ - 07/12 / 2017
06.12.2017 - Општина Теарце-
05.12.2017 - Куманово, 04/12/2017/
04.12.2017 - Финалниот настан за презентирање на резултатите од ИПА повеќегодишната Програма за развој на човечките ресурси 2007-2013
02.12.2017 - Гостивар-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ОДРЖАН ТРЕТИОТ ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ВО ОПШТИНА КАРПОШ
01.12.2017 - Пробиштип-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ДЕЛЧЕВО 01.12.2017 год. - Работилница со лица со попреченост на тема „Заштита од родово базираното насилство“
01.12.2017 - С.БУДАКОВО-МОГИЛА 29.11.2017 год. -
01.12.2017 - Општина Јегуновце - Меѓународната Кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.