По успешното реализирање на проектот „Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство“ од 2009 – та година и со иницијатива на УНИФЕМ, на обострано задоволство донесовме одлука да ја продолжиме соработката и во текот на 2010/2011 – та година.
Главната цел на овој проект е да се зголеми бројот на жените кои доаѓаат од рурални средини, а кои ќе бидат свесни и ќе можат да ги препознаат своите човекови/женски права. Понатаму, тие ќе бидат во можност да покренат иницијативи за создавање промени во нивниот личен живот, како и во животот на заедницата, со цел да се намали влијанието на традиционалните вредности со што руралните жени ќе можат да се вклучат во општествено – економскиот и политичкиот живот на заедницата.
ЖГИ Антико во месец мај започна со реализацијата на втората фаза на овој проект кој ќе се реализира во општините Могила, Теарце, Дебар и Гостивар.
Во овие 4 општини, во 16 рурални средини, со целна група рурални жени од етничките малцинства во текот на месец мај се спроведе првата фаза на проектот – прибирање на информации од страна на локалните координаторки во однос на фактичката состојба на положбата на руралните жени, како и таргетирање на нивните приоритетни проблеми и потреби. Во јули, пак, започна реализацијата на првиот циклус од 16 работилници за првата група на учеснички.
|