Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата

Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост

Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“

Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas

Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
 
 
сабота, 21 декември 2024
Прва „Школа за мултикултурализам“ 23-25 април 2010 година, Охрид
Датум: 27.4.2010
 
Женската Граѓанска Иницијатива Антико од 23-25 април 2010-та година во рамките на програмата Civica Mobilitas поддржана од ЦИРа, финансирана од Швајцарската Агенција за Развој и Соработка организираше Школа за мултикултурализам во Охрид во хотел Климетица.
 
На претходно објавениот конкурс на веб страницата на Антико и во печатените медиуми се пријавија голем број на заинтересирани, но од нив како учесници беа одбрани 22 - ца млади на возраст помеѓу 18 и 25 години. Партиципантите беа од различна етничка припадност (македонци (36,4%), албанци (36,4%), турци (9,1%) и роми (18,1%)) и 13 градови од Република Македонија (Тетово, Гостивар, Скопје, Битола, Неготино, Куманово, Македонска Каменица, Берово, Велес, Делчево, Штип, Кичево и Охрид).
Учесниците пристигнаа на 23-ти април за кој беше предвидено нивно меѓусебно запознавање како и со организацијата и фацилитаторките, но воедно и вовед во темата на овој семинар – мултикултурализмот. Воведното обраќање помина пропратено со добра атмосфера и забележително беше моменталното креирање кохезија помеѓу партиципантите, а и самите фацилитаторки беа прифатени како дел од групата.
 
Наредниот ден, до паузата за ручекот беа воведени две теми: едната се однесуваше на перцепцијата што секој ја има за поимот култура, тема во која учесниците преку игра активно се вклучија во давање на свое мислење за тоа што овој поим значи за нив и сослушување на мислењата на другите; втората разработена тема беа стереотипите и идентитетите, која предизвика интересна дебата во позитивна смисла. Попладнето семинарот продолжи со темата на културни вредности и со запознавање на другите. Повторно преку игри (role play) секој можеше да се стави во кожата на другиот којшто припаѓа на понаков тип на култура или субкултура. Ваквата групна работа секогаш предизвикуваше смеа и здружување, но и ефикасна работа, со што се постигнаа силни и емотивни заклучоци како и вистинска претстава на функционирањето на едно општество. Потоа следуваше сеансата кој предизвика најмногу внимание каде беа опфатени концептите на мир и конфликт. Самиот факт што учесниците споделуваа лични искуства покажа колку тие стекнале доверба во фацилитаторите како и едни во други. Темата на мултикултурализмот и начинот на нејзиното обработување помина во добра атмосфера повторно преку игра на улоги.
 
Завршниот дел од семинарот беше предвиден за темата активизам. Преку овој дел учесниците можеа да се запознаат со некои видови на активизам во општеството (иако голем дел од нив се веќе активисти во граѓански или студентски организации). Исто така, тие можеа да научат нешто повеќе за начинот на којшто можат да дојдат до оние кои би им биле корисни во текот на реализација на еден проект. Како најважен дел беа поминати етапите на креирање на проект и негова реализација.
 
Најважните заклучоци кои беа изведени од одржувањето на овој семинар „Школа за мултикултурализам“ се:
 - Голем број од учесниците прашуваа како да се инволвираат во програмите на Антико или како да волонтираат во невладини организации кои се членки на мрежата на ЖГИ Антико;
- Во текот на целиот семинар учесниците комуницираа едни со други без разлика на нивната етничка припадност, возраст или пол. Тие не само што контактираа, туку беа отворени и за критики, се слушаа и разговараа на теми коишто лесно можат да преминат во конфликт;
- Мултикултурализмот беше дел од овој семинар не само како тема на изучување, туку и самите учесници беа симболи на мултикултурализмот. Преку ваков тип на настани на младите луѓе им се дава можност за поинаква перцепција на општеството.   
 
 
 
12.6.2018 - Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon!
18.5.2018 - Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот
14.5.2018 - Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции
02.4.2018 - Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО
29.3.2018 - Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“
25.1.2018 - Одржана конститутивна седница на Националното координативно тело против семејно насилство
12.1.2018 - ПОВИК ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ
18.12.2017 - Одржан е четвртиот граѓански собир.Карпош 15/12/2017
13.12.2017 - Граѓански собир во Општина Карпош
07.12.2017 - КАНАТЛАРЦИ - О. ПРИЛЕП 07.12.2017
07.12.2017 - ШУТО ОРИЗАРИ - 07/12 / 2017
06.12.2017 - Општина Теарце-
05.12.2017 - Куманово, 04/12/2017/
04.12.2017 - Финалниот настан за презентирање на резултатите од ИПА повеќегодишната Програма за развој на човечките ресурси 2007-2013
02.12.2017 - Гостивар-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ОДРЖАН ТРЕТИОТ ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ВО ОПШТИНА КАРПОШ
01.12.2017 - Пробиштип-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ДЕЛЧЕВО 01.12.2017 год. - Работилница со лица со попреченост на тема „Заштита од родово базираното насилство“
01.12.2017 - С.БУДАКОВО-МОГИЛА 29.11.2017 год. -
01.12.2017 - Општина Јегуновце - Меѓународната Кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.