Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата

Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост

Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“

Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas

Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
 
 
сабота, 21 декември 2024
Декларација од Глобалната конференција во Каиро: „Жените и 21-от век: Феминистички алтернативи“
Датум: 29.12.2010
 
ДЕКЛАРАЦИЈА
 
 
ДЕКЛАРАЦИЈАТА СЕ УПАТУВА ДО:
ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ОН Г-ДИН БАН КИ-МУН
ГЕНЕРАЛНИОТ ПОТСЕКРЕТАР НА ЖЕНИТЕ ВО ОН Г-ЃА МИШЕЛ БАЧЕЛЕТ
СПЕЦИЈАЛНИОТ ИЗВЕСТУВАЧ НА ОН ЗА НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИТЕ Г-ЃА РАШИДА МАНЏУ
КОМИТЕТОТ ЗА ЕЛИМИНАЦИЈА НА ДИСКРИМИНАЦИЈАТА ПРОТИВ ЖЕНИТЕ
КОМИТЕТОТ ЗА СТАТУСОТ НА ЖЕНИТЕ
 

Ние, 120 жени и мажи од 24 земји од целиот свет, се собравме во Каиро, Египет од 16 – 18-ти декември 2010 година на Глобалната конференција „Жените и феминистичките алтернативи на 21-от век“ за да ги елаборираме феминистичките предлози за мир и социјална правда со секуларизам како глобален предуслов за демократија и развој; да обезбедиме простор за феминистите каде ќе можат да ги разделат своите искуства и знаења со други феминистички и мировни активисти, истражувачи и практиционери на земјата, како и да ги промовираме феминистичките алтернативи кон зголеменото влијание на религиозниот фундаментализам и конзервативна патријархална доминација.

Затоа, како учесници на Конференцијата во Каиро ние:
  • Бараме итни глобални мерки, афирмативни акции и политики за да се олесни еднаквото учество на жените во сите позиции на донесување одлуки во политичките и економските институции, со минимум 30% родови квоти. Ние сме убедени дека зголеменото учество на жените во раководните места во светот е важен чекор кон укинувањето на патријархалните методи на доминација, континуирано насилство врз жените и цивилното население и ќе доведе до намалување на воените интервенции и војни како решение за конфликтите и конфликт резолуциите меѓу државите и народите.
  • Ги повикуваме сите држави да се погрижат нивните закони и семејни кодови да се засноваат на граѓанските, женските и вредностите на човековите права, без да им овозможат упад на религиите во јавноста, политичките и законодавните области и да преземат итни мерки за промена на образовниот и културниот систем врз основа на патријархалните вредности, што пропагира потчинување и инфериорност врз жените во јавниот и семејниот живот.
  • Го осудуваме насилството врз жените и девојчињата во сите форми - физичко, сексуално, психичко, економско, институционално и структурно и ги повикуваме Советот за безбедност, ОН и сите влади да преземат итна акција за подобрување на родовата рамноправност на глобално ниво и да се промовира и усвои потребното законодавство со нулта толеранција против прекршителите.
  • Ја повикуваме меѓународната заедница да интервенира и со конкретни мерки да го присили Израел да ги напушти окупираните Палестински територии и да ја укине блокадата против Газа. Газа се претвори во затвор за жени, мажи и деца што е во тотална спротивност на резолуциите на ОН и меѓународното право. Ние го осудуваме недостатокот на политичка волја на меѓународно ниво за ефикасно да се дејствува против таквите злосторства како преседан во нашето време. Ги повикуваме ОН да ја препознаат состојбата во Палестина како неопходен чекор и предуслов за транспарентен и партиципативен сеопфатен мировен процес во целиот Среден Исток.
  • Бараме итен прекин на сета окупација и ги демантираме сите тврдења дека военото присуство е начин да се "ослободат жените". Бараме веднаш да престанат сите форми на воени интервенции како начин за решавање на конфликти и на сите видови на насилни напади против цивили. Сакаме да ги потсетиме одговорните политичари и светски лидери дека програмите на ОН и истражувањата за  научниот мир  претставија неколку граѓански начини за решавање на конфликтите и престанок на окупацијата, со таргетирање на одговорни лица и институции без да се повредат цивилите.
Феминистичкото движење е интернационално и мировно движење, залагајќи се за ненасилни методи за разрешување на конфликтите и против сите форми на угнетување, воена агресија и окупација, промоција на прогресивни иницијативи со цел да се оствари родовата еднаквост и слобода, за еден свет каде што секој ќе може да има исти можности за развивање на сопствените капацитети и да живее пристоен живот во мир, социјална правда и  вистинска демократија.
 
Како продолжување на Меѓународната конференција одржана во Скопје во октомври, 2009-та година со цел јакнење на феминистичките стратегии за трансформативно делување, ние, учесниците на Глобалната конференција во Каиро во декември 2010 година заклучивме дека:
 
1. Во 21-от век на партијархални општества, жените сеуште се предмет на системско исклучување од сферите на донесување одлуки и од институциите насекаде низ светот. Ова води кон групна маргинализација на потребите на жените на сите полиња и го доведува во прашање значењето на постоечките концепти на демократија, мир и сигурност. Вистинскиот мир и демократија значат потполна имплементација на човечките права на жените и живот ослободен од каква било форма на насилство против жените. Државната сигурност нема никогаш да ја вклучи сигурноста на жените се додека жените се маргинализираат во сферите на донесувањето одлуки.            
 
2. Фундаменталистичките движења низ светот постојано ги напаѓаат правата кои жените ги продобиле благодарејќи на нивната тешко добиена вековна борба. Правата на жените се универзални човекови права и не смеат да бидат компромитирани за кои било причини. Религијата е приватна и индивидуална работа и не смее да се меша со репродуктивните и сексуалните права на жените. Секуларизмот, основан на строгата разделба на религијата и државата, е предуслов за вистинско демократско општество каде што сите луѓе, без разлика на пол, род, сексуална ориентираност, потекло, раса, религија, возраст или хендикеп ќе уживаат почит и достоинство.

3. Во услови на моменталната глобална економска криза во капиталистичкиот систем, жените ја плаќаат највисоката цена и се соочуваат со несигурност, ниски приходи, ниски пензии, невработеност и сиромаштија. 80% од сиромашните работници се жени. Сиромаштијата не означува само недостиг на финансиски средства, туку и недостаток на пристап кон целосно граѓанство и право на донесување сопствени животни одлуки. Транфесорт на одговорностите на државата и на заедницата кон приватната сфера пред сé ги погодува жените со што повеќето жени не можат да го комбинираат својот професионален живот или активноста во јавната сфера со нивниот семеен живот. Додека жените несразмерно се третираат во економските кризи и времињата на немаштија, глобалните воени трошоци не се воопшто погодени. 

4. Насилството врз жените опстојува низ светот како начин систематски  да се  практикува доминацијата и контролата над жените. Покрај тоа, универзалната социјална толеранција за овој вид насилство е поддржана од страна на промоцијата и усвојувањето на дискриминаторските закони во многу земји. Така, насилствата, како што се проституцијата, исекувањето, каменувањето, силувањето и сексуалната злоупотреба добиваат поддршка од државата и владата. Насилството врз жените го попречува социјалниот развој, слободата и изборот на жените и исто така строго ги ограничува да ги живеат своите животи, без страв. Насилството врз жените е штетен напад врз телесниот , интелектуалниот и психолошкиот интегритет на жените. Меѓународните конвенции и резолуции за насилството врз жените, како и другите позитивни закони за спречување на насилството не се ниту спроведени ниту усвоени во целост, како што е случајот со Конвенцијата CEDAW во неколку земји.

5. Жените секогаш го носат најтешкиот товар од војната и окупацијата. Потчинувањето на жените, домашното и сексуалното насилство во мир се претвора во силување, сексуални напади и ропство во војната - сите овие се користат како воени стратегии со цел да се понижи "непријателот" и да се освои "неговата" заедница. Ова продолжува да се однесува и на тековните воени конфликти низ целиот свет. "Ослободувањето на жените" не доаѓа со воените интервенции; воените решенија за конфликтите ниту го спречуваат ниту го запираат силувањето во било кој дел од светот како што сведочевме од примерите во Босна, Косово, Судан, Конго и на други места.


Каиро, 18ти декември 2010
 
 
 
12.6.2018 - Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon!
18.5.2018 - Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот
14.5.2018 - Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции
02.4.2018 - Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО
29.3.2018 - Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“
25.1.2018 - Одржана конститутивна седница на Националното координативно тело против семејно насилство
12.1.2018 - ПОВИК ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ
18.12.2017 - Одржан е четвртиот граѓански собир.Карпош 15/12/2017
13.12.2017 - Граѓански собир во Општина Карпош
07.12.2017 - КАНАТЛАРЦИ - О. ПРИЛЕП 07.12.2017
07.12.2017 - ШУТО ОРИЗАРИ - 07/12 / 2017
06.12.2017 - Општина Теарце-
05.12.2017 - Куманово, 04/12/2017/
04.12.2017 - Финалниот настан за презентирање на резултатите од ИПА повеќегодишната Програма за развој на човечките ресурси 2007-2013
02.12.2017 - Гостивар-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ОДРЖАН ТРЕТИОТ ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ВО ОПШТИНА КАРПОШ
01.12.2017 - Пробиштип-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ДЕЛЧЕВО 01.12.2017 год. - Работилница со лица со попреченост на тема „Заштита од родово базираното насилство“
01.12.2017 - С.БУДАКОВО-МОГИЛА 29.11.2017 год. -
01.12.2017 - Општина Јегуновце - Меѓународната Кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.