ДЕКЛАРАЦИЈА:
Во солидарност со суданските жени
СТОП НА ФИЗИЧКОТО НАСИЛСТВО И ПОНИЖУВАЊЕТО НА ЖЕНИТЕ
ДЕКЛАРАЦИЈАТА СЕ УПАТУВА ДО:
ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ОН Г-ДИН БАН КИ-МУН
ГЕНЕРАЛНИОТ ПОТСЕКРЕТАР НА ЖЕНИТЕ ВО ОН Г-ЃА МИШЕЛ БАЧЕЛЕТ
СПЕЦИЈАЛНИОТ ИЗВЕСТУВАЧ НА ОН ЗА НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИТЕ Г-ЃА РАШИДА МАНЏУ
СУДАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ОМАР ХАСАН АЛ-БАШИР
ВЛАДАТА НА СУДАН
Ние, 120 жени и мажи од 24 земји од целиот свет, се собравме во Каиро, Египет од 16-18ти декември 2010-та година на Глобалната конференција „Жените и феминистичките алтернативи на 21-от век“ и ја изразуваме нашата длабока загриженост во врска со камшикувањето на жените од страна на Суданската полиција.
Ние го осудуваме камшикувањето на една Суданска жена во полициската станица во Ал-Хиера во Омдурман. Жената била камшикувана според понижувачките закони конституирани во Суданскиот систем на јавен ред и мир, како и Суданскиот кривичен код кој дозволува 40 удари со камшик доколку жената не носи „пристојна“ облека. Камшикувањето на Суданските жени е станато секојдневна пракса во полициските станици во Судан и тоа во присуство на судии кои надгледуваат. Ова не може да се толерира!
Ние го осудуваме апсењето на жени и мажи активисти на 14-ти декември кои се собрале во центарот на Картум за мирно да одат до Министерството за правда и да предадат протестна петиција против камшикувањето на жените и да побараат поништување на Законите и регулативите на јавниот ред и мир.
Сакаме да ја изразиме нашата најголема осуда на сите дискриминирачки закони и практики против жените. Ја изразуваме нашата солидарност со жените и мажите активисти кои мирно демонстрираа против камшикувањето на жените.
Бараме од владата на Судан итно да го запре анахронизмот на камшикување и секое физичко казнување на жените и да ги укине законите за јавен ред и мир. Неприфатливо е во 21-от век да се лишуваат жените од нивните основни човекови права и човековото достоинство. Неприфатливо е во 21-от век да се третираат жените како робови или граѓани од трета класа. Човечкиот напредок и социјален развој може да се мери само во однос на родовата рамноправност, еднаквите права и еднаква вредност за жените и за мажите.
Ние се обраќаме на Генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун и Генералниот потсекретар на ОН Мишел Бачелет да се користи нивниот мандат во заштитата на жените чии основни човечки права се брутално повредени.
Каиро, 18 декември 2010 година
|