Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата

Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост

Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“

Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas

Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
 
 
сабота, 21 декември 2024
Младите го разбираат мултикултурализмот, но се прашуваат:„Колку се применува во пракса?“
Датум: 15.12.2010
 

Женската граѓанска иницијатива Антико на 14.12.2010 година во х. „Континентал“ Скопје, организираше конференција на тема Младите и мултикултурализмот - како го чувствуваме духот на мултикултурализмот“  со цел, да ги поттикне младитe лица - студенти од Универзитетите на Македонија, претставници од младинските граѓански организации, претставници од младинските форуми на политичките партии и други засегнати страни да создадат отворен и сигурен простор за меѓуетничка интеракција – да споделат мислења, искуства, ставови за културните предизвици, како и практичните решенија за развојот на мултикултурното општество.

Во рамките на „Програмата за млади“ како дел од Годишната програма на Женската Граѓанска Иницијатива Антико, досега се реализирани различни активности за анимирање на помладата популација за да ги запознае различните култури, системи на вредности, како и постоечките сличности, вклучувајќи и прифаќање на различностите.
Преку Школата за мултикултурализам, иницирана и спроведена од страна на ЖГИ Антико, се поттикнуваше младинскиот активизам во процесот на развој на мултикултурализмот, изградба на мирот, зајакнување на дијалогот и меѓусебно поврзување и вреднување.
 
Младите учесници на конференцијата, покажаа добра волја и подготвеност да го прифатат мултикултурализмот како дел од нашето секојдневие. Воедно, укажаа и на бариерите и проблемите со кои се среќаваат во нивните средини, а кои пред се засновани на:
- предрасуди и стереотипи
- неразбирање и непознавање на различните ентитети и вредностите кои тие ги негуваат
- гетоизација во одредени локални средини и недоволна комуникација со останатите припадници на заедницата
- недостиг на политичка волја за надминување на постоечките слабости

Препораките кои произлегоа како резултат на конструктивната дискусија и практичните примери на учесниците акцентираат неколку клучни сегменти на кои треба да се обрне внимание со цел подобрување на практичната имплементација на мултикултурализмот:

- преиспитување на сопствените вредности и ставови, и критички осврт кон себе и случувањата во непосредната околина
- поголема солидарност, разбирање и толеранција на различностите
- зајакнување и почитување на воспоставените механизми за практична имплементација на мултикултурализмот
- едукација во семејството и образовниот процес од најмала возраст
- комуникацијата и дијалогот треба да бидат основни средства за приближување на заедниците
- позитивните иницијативи и вредности треба да се промовираат, преку проширување на мрежата на нивни поддржувачи и имплементатори
 
 
 
12.6.2018 - Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon!
18.5.2018 - Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот
14.5.2018 - Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции
02.4.2018 - Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО
29.3.2018 - Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“
25.1.2018 - Одржана конститутивна седница на Националното координативно тело против семејно насилство
12.1.2018 - ПОВИК ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ
18.12.2017 - Одржан е четвртиот граѓански собир.Карпош 15/12/2017
13.12.2017 - Граѓански собир во Општина Карпош
07.12.2017 - КАНАТЛАРЦИ - О. ПРИЛЕП 07.12.2017
07.12.2017 - ШУТО ОРИЗАРИ - 07/12 / 2017
06.12.2017 - Општина Теарце-
05.12.2017 - Куманово, 04/12/2017/
04.12.2017 - Финалниот настан за презентирање на резултатите од ИПА повеќегодишната Програма за развој на човечките ресурси 2007-2013
02.12.2017 - Гостивар-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ОДРЖАН ТРЕТИОТ ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ВО ОПШТИНА КАРПОШ
01.12.2017 - Пробиштип-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ДЕЛЧЕВО 01.12.2017 год. - Работилница со лица со попреченост на тема „Заштита од родово базираното насилство“
01.12.2017 - С.БУДАКОВО-МОГИЛА 29.11.2017 год. -
01.12.2017 - Општина Јегуновце - Меѓународната Кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.