Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата

Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост

Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“

Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas

Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
 
 
сабота, 21 декември 2024
Проект: ЦРПМ во партнерство со ЖГИ Антико и Државната Изборна Комисија
Датум: 29.11.2010
 

 

 Консултативна средба за Нацрт – стратегијата за спречување на семејното гласање и гласање во име на друг 

 

 

 

На 29 ноември 2010 година во ЕУ Инфо Центарот во Скопје се одржа консултативна средба – јавна расправа на предлог Стратегијата за спречување на семејното гласање и гласање во име на друг. На средбата беа присутни сите релевантни претставници од владините институции, парламентот и граѓанското општество. Нивното присуство на оваа средба беше одраз на важноста на овој документ кој има за цел да реши еден важен проблем кој се јавува во континуитет во изборните процеси во Република Македонија. На средбата се разви конструктивна дискусија во однос на релевантноста на стратегијата, која беше оценета како многу добра и потребна. Учесниците дадоа и свои коментари од кои дел ќе бидат инкорпорирани во официјалниот документ. Конечната верзија на документот ќе биде презентирана на донаторска конференција која планираме да се одржи во средината на декември.

ЖГИ Антико  во партнерство со Центарот за истражување и креирање на политики и во соработка со Државната изборна комисија  догорочно и  активно делуваат на решавањето на проблемот на семејното гласање, кој ја загрозува регуларноста на изборниот процес и ги прекршува основните човекови права на една категорија на маргинализирани групи - особено  на жените од руралните средини. Изработената Нацрт - стратегија е резултат на реализираниот проект „Мојот глас - моја одлука“ во партнерсво со ЦРПМ, односно добиените информации и резултати  од теренската работа организирани и спроведена од страна на Антико  (16 – те Фокус групи, форумите/обуките, кампања и слично), а и информациите обезбедени од страна на ДИК и резултатите од претходните проекти реализирани од страна на ЖГИ Антико и ЦРПМ во оваа област.
 
Проектот врз чија база е изработена оваа Национална стратегија финансиски е поддржана од EU –EIDHR Програмата, додека медиумски партнер е AL- SAT M.
 
 
 
12.6.2018 - Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon!
18.5.2018 - Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот
14.5.2018 - Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции
02.4.2018 - Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО
29.3.2018 - Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“
25.1.2018 - Одржана конститутивна седница на Националното координативно тело против семејно насилство
12.1.2018 - ПОВИК ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ
18.12.2017 - Одржан е четвртиот граѓански собир.Карпош 15/12/2017
13.12.2017 - Граѓански собир во Општина Карпош
07.12.2017 - КАНАТЛАРЦИ - О. ПРИЛЕП 07.12.2017
07.12.2017 - ШУТО ОРИЗАРИ - 07/12 / 2017
06.12.2017 - Општина Теарце-
05.12.2017 - Куманово, 04/12/2017/
04.12.2017 - Финалниот настан за презентирање на резултатите од ИПА повеќегодишната Програма за развој на човечките ресурси 2007-2013
02.12.2017 - Гостивар-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ОДРЖАН ТРЕТИОТ ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ВО ОПШТИНА КАРПОШ
01.12.2017 - Пробиштип-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ДЕЛЧЕВО 01.12.2017 год. - Работилница со лица со попреченост на тема „Заштита од родово базираното насилство“
01.12.2017 - С.БУДАКОВО-МОГИЛА 29.11.2017 год. -
01.12.2017 - Општина Јегуновце - Меѓународната Кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.