Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата

Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост

Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“

Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas

Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
 
 
сабота, 21 декември 2024
Активности по повод Кампањата: „16 дена активизам за борба против родовото и семејното насилство“
Датум: 10.12.2010
 

По повод започнувањето на Меѓународната кампања „16 дена активизам за борба против родовото и семејното насилство“ во организација ЖГИ Антико и на нејзините локални членки, од 25.11.2010 до 10.12.2010 година на територијата на Република Македонија ќе се одржат 20-тина активности кои ќе опфатат теми од ова зло на 21 – от век.

Овие активности ќе се одржат во 10 локални заедници (Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Битола, Ресен, Струмица, Пробиштип и Куманово) опфаќајќи ги сите делови на Р. Македонија. Во активностите учество ќе земат претставници од надлежните институции (центрите за социјална работа, МВР, здравствените институции, судството, образованието), НВО кои работат на оваа проблематика и, се разбира, поддршка од медиумите. Овие активности најмногу се насочени кон сензибилизирање на младата популација (ученици од основно и средно образование) во насока на препознавање на насилството и активно учество во заложбите за негово надминување. 

За оваа цел беа одржани и прес - конференции во Тетово, Ресен, Скопје и Струмица, а во останатите локални заедници на медиумите им беше поделено соопштение кое на истите беше објавено.

Во Тетово на 01.12.2010 беше одржана трибина во основното училиште „Братство - Миѓени“ со ученици албанци од 7-мо и 8-мо одделение, а на 03.12.2010 година беше одржана трибина со ученици од 7-мо и 8-мо одделение од македонска националност од основното училиште „Кирил и Методиј“.

На 03.12.2010 и 06.12.2010 година во Куманово се одржаа две работилници кои ги опфатија младите од Средното медицинско училиште.

Едукативна работилница со 20 млади од средното медицинско училиште на тема „Насилството кај младите“ се одржа на 30.11.2010 година во Гостивар. Во овој град на 07.12.2010 година беше одржана и втора едукативна работилница на истата тема, но овојпат со учениците од Средното економско училиште. На 08.12.2010 година се одржа и тркалезна маса со претставници од МВР, судот и центарот за социјална работа Гостивар на тема „Како законот не заштитува од семејното насилство“. Во периодот од 25.11.2010 до 10.12.2010 година се емитуваше и видео спот на локалната ТВ Кисс.   

Во Кичево на 01.12.2010 и 02.12.2010 година беа одржани две работилници со учениците (од албанска и македонска националност) од 8-мо одделение во основното училиште „Санде Штерјоски“.

Јавна дебата со претставници од надлежните институции, како и претставници на НВО секторот, беше одржана на 02.12.2010 година во Ресен. Исто така, ќе биде одржана и работилница со жените од руралните средини за препознавање на насилството и мерките за заштита.  

Во градот на конзулите, Битола, по повод оваа Кампања беа одржани две трибини. Првата трибина се реализираше на 09.12.2010 година со учениците од 3-та и 4-та година од средното училиште „Кузман Шапкарев“, но учество земаа и младите од училиштето „Таки Даскалот“. Втората трибина се одржа на 10.12.2010 година во село Добрушево со ученици од 7-мо и 8-мо одделение од основното училиште „Браќа Миладиновци“. 

На 29.11.2010 година во Пробиштип беше одржана трибина со лица од јавните институции - здравство, образование, Комисијата за еднакви можности, Центарот за социјална работа, МВР и невладиниот сектор. Во ДСУ „Наум Наумовски Борче“, пак, на 06.12.2010 година беше одржана работилница со средношколците. 

Трибина со ученици од средното училиште „Здравко Чочковски“ беше одржана на 03.12.2010 година во Дебар. Истиот ден, беше одржана и трибина со ученици од 7-мо и 8-мо одделение од основното училиште во Дебар.

Во главниот град на Р.Македонија, Скопје, на 03.12.2010 година беа одржани две работилници во основното училиште „26 Јули“ во општината Шуто Оризари. На првата работилница учесници беа учениците од 8-мо одделение од ова училиште, а на втората наставниците од истата институција. 

Во сите 10 локални заедници на територијата на Република Македонија кои беа дел од Кампањата „16 дена активизам за борба против родовото и семејното насилство“ на 09.12.2010 година беше одржан јавен перформанс на кој беше поделен едукативниот и промотивен материјал (флаери и лифлети).  

  

 
 
 
12.6.2018 - Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon!
18.5.2018 - Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот
14.5.2018 - Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции
02.4.2018 - Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО
29.3.2018 - Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“
25.1.2018 - Одржана конститутивна седница на Националното координативно тело против семејно насилство
12.1.2018 - ПОВИК ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ
18.12.2017 - Одржан е четвртиот граѓански собир.Карпош 15/12/2017
13.12.2017 - Граѓански собир во Општина Карпош
07.12.2017 - КАНАТЛАРЦИ - О. ПРИЛЕП 07.12.2017
07.12.2017 - ШУТО ОРИЗАРИ - 07/12 / 2017
06.12.2017 - Општина Теарце-
05.12.2017 - Куманово, 04/12/2017/
04.12.2017 - Финалниот настан за презентирање на резултатите од ИПА повеќегодишната Програма за развој на човечките ресурси 2007-2013
02.12.2017 - Гостивар-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ОДРЖАН ТРЕТИОТ ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ВО ОПШТИНА КАРПОШ
01.12.2017 - Пробиштип-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ДЕЛЧЕВО 01.12.2017 год. - Работилница со лица со попреченост на тема „Заштита од родово базираното насилство“
01.12.2017 - С.БУДАКОВО-МОГИЛА 29.11.2017 год. -
01.12.2017 - Општина Јегуновце - Меѓународната Кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.