По повод започнувањето на Меѓународната кампања „16 дена активизам за борба против родовото и семејното насилство“, ЖГИ АНТИКО, на 25.11.2010-та година (четврток), со почеток во 11:00 часот, во НВО Инфоцентар – Скопје, ќе одржи прес – конференција.
Соопштение до јавноста
Кампања „16 дена активизам за борба против родовото и семејното насилство“
Во 20 – от век постојат индикатори дека положбата на жените чекор по чекор почна да се подобрува со воведување на законски легислативи, како резултат на донесување на меѓународни декларации, конвенции и резолуции за унапредување на родовата рамноправност и заштитата на човековите права на жените.
Овој тренд е активен и во нашата земја, но и покрај тоа, анализите и фактичката состојба на положбата на жените во Република Македонија и ширум светот покажуваат дека сепак е далеку од тоа, дека правата се обезбедени и родовата рамноправност се практикува, независно од културниот контекст на поеднечни региони – земји.
Насилството врз жените е еден од најголемите проблеми на денешницата. Затоа за решавањето на ова антицивилизациско, ретроградно и деструктивно однесување треба да пристапиме, енергично, темелно и одлучно.
Резултатите на многубројни истажувања во светот, и кај нас, даваат податоци кои алармираат дека проблемот е мошне сериозен. Во Република Македонија секоја втора жена е жртва на прихичко насилство, секоја 5 – та жена на физичко насилство, а, пак, секоја 10 – та на сексуално насилство.
Корените на родовото насилство се длабоко скриени во половата нееднаквост и се одржуваат од страна на патријархалните родови структури на моќ кои ја одредуваат машката супериорност и женската инфериорност. Насилството е еден од главните механизмите кој влијае во одржувањето на нерамнаправната положба помеѓу половите.
Со цел да се разберат пречките и предизвиците кои водат кон патот на постигнувањето на родовата рамноправност, потребно е секогаш да се анализира политичкиот контекст, бидејќи правата на жените и имплементацијата на законите, конвенциите и директивите за зачувување и унапредувањето на правата се тесно поврзани со демократскиот развој на едно општество. Не можеме да зборуваме за демократија и почитување на човекови права доколку истражувањата и праксата покажуваат дека во домот и опшеството не постојат исти права, можности и одговорности за двата пола.
Во 1991 Институтот Women’s Global Leadership покрена Светската кампања „16 дена активизам за борба против насилството врз жените“. Кампањата започнува на 25 Ноември и завршува на 10 декември со Меѓународниот ден на човековите права, со што симболично се истакнува дека насилството врз жените е криминален акт и кршење на човековите права на жените.
Благодарение на напорите и посветеноста на многу активисти ширум светот во изминатите 19 години – повеке од 2,800 организации од 156 земји се вклучија во оваа кампања и влијаеја да се посвети меѓународно внимание на прашањата околку родовото насилство.
Активистите и организациите дадоа придонес да се постави прашањето на насилството како глобален проблем. Овој пристап помогна да се зголеми и притисокот кон владите со цел да ги следат заложбите за обезбедување на превенција и заштита на жртвите. И покрај тоа, насилството врз жените и семејното насилство останаа сеуште нерешлив проблем, бидејќи владите не реагираат на насилството кое е тесно поврзано и засновано врз база на половата припадност со исти казнени мерки како и другите кривични дела. Долго време насилството врз жените не се третираше како повреда на човековите права, туку како „интерна“ работа на поединечни држави и влади, а, пак, државите и понатаму тоа го третираа како „приватна“ работа помеѓу насилникот и жртвата.
Насилството врз жените и во 21 – от век останува да биде многу актуелен и глобален проблем. Карактеристиките на ова насилството се дека тоа не се спроведува само инцидентно на една жена, туку, на овој вид на насилство се подложни сите жени како социјална група. Родовото насилство е засновано врз база на половата припадност.
Насилство кое е базирано врз полот ги ограничува првенствено жените. Оваа појава овозможува огромен број на жени да бидат спречени да ги реализираат своите права и да немаат исти можности за развој како и мажите. Повредата на правата на жените е производ на моќта, силата и насилството. Повреда на најосновното и најважното право за живот, достоинство, телесен интегритет.
Жените ширум светот, се изложени на сите видови на насилство: физичко, психичко, сексуално, економско од страна на семејството, општеството и државата. Во праксата разликуваме насилства кои во повеќето случаи се директно насочени кон нејзиното тело (силување, телесно злоставување и убиство, напад на нејзината репродуктивна функција и сексуалност). Освен тоа, жените се соочуваат и со структурално насилство изразено во идеологија на помала вредност и непочитување на нејзиниот статус.
За жал, родовото насилство сеуште не е многу претпознатливо и признаено од страна на мажите, но и од страна на самите жени, бидејќи во многу случаи појавата е составен дел на патријархалните вредности и се перцепира како „нормална“ појава и е општоприфатен однос помеѓу половите кој е детерминиран од постоечките патријархални родови улоги кои се присутни во домот и општестевото.
Примерите за прекршување на правата на жените се многубројни и застрашувачки; тоа се случува секојдневно во различни фази на женскиот живот низ целиот свет. Формите на оваа појава се различни во зависност од земјата и степенот на постоечките патријархални вредности, демократски развој, култура и традиција.
Дискриминацијата и насилството врз жените почнува уште од:
1. Пренаталниот живот – селективни абортуси на женските фетуси – традиционално машките деца се многу попожелни од женските.
2. За време кога децата се доенчиња – Убивање на женските доенчиња фаворизирање на машките деца, помал пристап до храна и здравствена заштита.
3. Детство – договорени бракови; осакатување на гениталиите; сексуална злоупотреба од надворешни лица и припадници на сопственото семејство.
4. Адолесенценција/младост – Детска проституција и порнографија/силување. Сексуално вознемирување и злоупореба на работното место. Присилна проституција; трговија со млади девојки; присилни бракови; убиства поради честа.
5. Зрелост – Злоставување од страна на сопругот; семејно насилство; насилства и убиства поради женското наследство; сексуално злоставување на работното место; силување; злоставување на вдовици како и многу други примери и животни приказни и страдања кои остануваат затворени во домот.
За жал, во векот на напредокот и просветеноста половина од светското население трпи физичко насилство и психичка болка. Тоа живее во секојденвен страв дека може да биде злоставувано. Затоа, мораме да го искористиме цивилизацискиот напредок, со цел да обезбедиме безбеден живот на илјадници жени и девојки. Развојот на политиките на еднакви можности за двата пола и елиминацијата на секоков вид на насилство врз жените е единствен предуслов за унапредување и развој на општеството, демократијата, толеранцијата, еднаквоста и почитувањето на основните права, а и севкупната политичка и економска стабилност и одржлив развој и мир на локално, национално и глобално ниво.
Антико, како и минатите години, и оваа година со цел да даде придонес кон елиминирањето на насилството врз жените и семејното насилство ќе спроведе низа на активности во рамките на Кампањата „16 дена активизам за борба против родовото и семејното насилство“
Активностите ќе се спроведат во 10 локални заедници на територијата на Република Македонија.
Оваа година кампањата ќе се реализира во рамките на годишната програма поддржана од програмата „Цивика Моблитас“, имлементирана од страна на Центарот за институционален развој – ЦИРа и финансирана од Швајцарската агенција за Развој и соработка, претставена од Швајцарската Канцеларија за соработка во Македонија.
Во широката кампања планирано е да се реализираат многубројни активности во 10 локални заедници на Република Македонија. Во спроведувањето на кампањата ќе се вклучат над 100 членки активистки, волонтери и волонтерки на Антико од Скопје, Тетово, Гостивар, Куманово, Кичево, Ресен, Битола, Пробиштип, Струмица и Дебар.
Спроведените активности имаат за цел да ја подигнат јавната свест на локално и национално ниво. Една од главните цели на Антико е сензибилизирањето на младите/особено средношколците од машкиот и женскиот пол за активно учество во заложбите за елиминрање на родовото насилство, преку формирање на позитивни ставови за постигнувањето на родовата рамноправност, елиминирање на родовите предрасуди и стреотипи и со самото тоа и родовото и семејното насилство.
Во рамките на кампањата ќе се реализираат над 20 – тина активности на теми од семејното насилство, видовите насилство, корените на насилствата, превенирањето на насилството, препознавањето и активното делување, важноста на институциите за елиминирање на насилствата, ефективни начини на организирање и делување и заштита на жртвите. Интерсекторската соработка помеѓу релевантните институции, имплементацијата во пракса на законската регулатива, како и многу други важни теми од оваа област.
Форми на работа: Трибини со средношколци, работилници, тркалезни маси, јавни форуми и дебати за дијалог и размена на стратегии за делување помеѓу преставниците од надлежни институции и други засегнати страни (социјални работници, правни лица – судии, психолози, педагози, полиција, директори на училишта, претставници од родовите комисии и други).
Освен овие форми на работа, во овие 10 локални заедници ќе се дистибуира и околу 25.000 примероци на информативен, едукативен и промотивен матријал, ТВ спот и организирање на најмалку 10 јавни перформанси на локално ниво.
Информации за организираните настани и активности и детален преглед на календарот на активностите ќе можете да добиете на веб страницата на ЖГИ Антико. www.antiko.org.mk
|