Во рамките на програмски активности на ЖГИ Антико поддржани од страна на програмата Civica Mobilitas се организира „Школа за Мултикултурализам“ која има за цел да ги мобилизира младите во нашето мултикултурно општество за промовирање на позитивните цели и идеали за мир, толеранцијата, еднаквоста, достоинството, човековите права, граѓанскиот активизам и демократијата.
Школата за мултиултурализам нуди:
- поставување на темел за мултикултурно делување на младите преку утврдување/надоградување на мотивацијата, вовед во знаења и основни вештини;
- развивање на доверба и можност за личен придонес во изградба на мирот во заедницата;
- да се прикаже силата и можноста на ненасилното влијание во општеството, во сопствената заедница, како и на пошироки општествени промени;
- стекнување на знаења и вештини потребни за поврзување и соработка внатре во својата заедница и пошироко (самоорганизирање и вмрежување) поради долгорочно делување на развој на мултикултурализмот и изградбата на мирот во заедницата.
Теми кои ќе бидат обработени се: идентитет и моќ, мир/ изградба на мир, ненасилна комуникација, справување со судири, преговори и донесување на одлуки со консензус, активено граѓанство и мултикултурализам.
Предуслови за учество:
- младинци (девојки и момчиња) на возраст од 18 - 25 години;
- интерес за работа на наведените теми;
- позитивно се мотивираат младите од сите етнички заедници од рурални и урбани средини во Република Македонија.
Трошоците за сместување, храна, превоз и потребните материјали за работа ги покрива организаторот.
Доколу сакате да учествувате во „Школата за мултикултурализам“ ве молиме да доствите CV и Мотивационо писмо најдоцна до 15.03.2010-та година на е-маил адресата: antico@mt.net.mk или на адреса ул. Тале Христов лам.1/9, 1000 Скопје.
Програмата CIVICA Mobilitas е имплементирана од страна на Центарот за Институционален Развој – ЦИРа и финансирана од Швајцарската Агенција за Развој и Соработка (SDC), претставена од Швајцарската Канцеларија за Соработка во Македонија.
|