Како последователни активности по завршувањето на првиот циклусна работилници во општина Могила се пристапи кон спроведување на локалната акција "За посреќен живот". Основна цел на локалната акција е освестување и мотивирање на жените од руралните средини за преземање на иницијативи за заштита на репродуктивното здравје.
Како прва активност која жените од руралните средини ја имплементираа беше спроведување на истражување каде анкетирани беа вкупно 110 жени од селата Будаково и Трап. Врз основа на добиените податоци се пристапи кон подготовка на анализа која беше публикувана во промотивните материјали - брошури во 800 примероци на македонски и албански јазик.
Потоа, следуваше организрање на две едукативни работилници на тема заштита на репродуктивното здравје каде во улога на едукатори беа ангажирани општ доктор, радиолог и гинеколог. Интересот на жените од руралните средини во општина Могила на оваа тема беше голем, односно вкупно 47 жени, имаа можност да дискутираат за своите лични и заеднички проблеми со кои се соочуваат во поглед на ова прашање.
Како иницијатива на групата жени учеснички на работилниците беше подготвена Платформа која беше доставена до градоначалникот на општината.
Како завршна активност на локалната акција беше организирањето и спроведувањето на трибината “Сакам, можам и уча за моето здрајве” која беше медиумски покриена од страна на локалната телевизија Тера, која емитуваше прилог во текот на вестите на денот.
|