Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата

Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост

Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“

Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas

Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
 
 
сабота, 21 декември 2024
Образованието е наша иднина
Датум: 26.11.2009
 

Врз основа на потребите и интересот на жените од руралните средини беше спроведена и втората локална акција во општина Крушево насловена како "Женското образование во 21-от век". Оваа локална акција имаше за цел освестување и зајакнување на жените од руралните средини за што поголема нивна вклученост во образовниот процес, надоградување на знаењата и поголема нивна информираност. 

Како првична активност која беше реализирана е истражувањето на прашања од аспект на образованието на жената од руралните средини - причините, проблемите и потребите во однос на ова прашање. Анкетирани беа вкупно 100 жени од селата Борино, Саждево, Белушино и Јакреново со што се овозможи врз основа да добиените информации подготовка на анализа.  Анализата беше публикувана во промотивните материјали – брошури во 1400 примероци на два јазици (македонски и албански) и беше дистрибуирана во општината.

Организирани беа 4 едукативни работилници на тема неформално образование, алфабетско и фукционало описменување каде во улога на едукатор беше ангажиран професор. Интересот кај жените беше голем за што говори и присутноста на вкупно 71 жена во текот на сите работилници. 

Во текот на реализација на локалната акција се одржа средба со градоначалникот на општина Крушево и претставници од УНИФЕМ, МТСП – секторот за еднакви можности и ЖГИ Антико. На средбата беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу ЖГИ Антико и општина Крушево кој ќе допринесе за меѓусебна поддршка и понатамошна идна соработка во однос на унапредување на положбата на жената. Воедно од страна на жените од руралните средини во општина Крушево до претставниците на Локалната самоуправа беше доставен и Манифест во кој јасно се наведени најзначајните потреби на овие жени.

Трибината  "Женското образование во 21-от век" поттикна интерес кај жените, мотивација и иницијативи за продолжување на нивното образование. Според анализата, жените од руралните средини во основа сакаат да го продолжат своето образование, но потребно е да имаат обезбедено услови, или да добијат позитивен одговор и поддршка од нивните семејства.

Овој начин на вклучување на жените од руралните средини во општествените текови и организирање на активности во локалните акции е позитивно прифатено, како од страна на жените, така и од страна на локалната самоуправа.

 
 
 
12.6.2018 - Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon!
18.5.2018 - Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот
14.5.2018 - Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции
02.4.2018 - Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО
29.3.2018 - Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“
25.1.2018 - Одржана конститутивна седница на Националното координативно тело против семејно насилство
12.1.2018 - ПОВИК ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ
18.12.2017 - Одржан е четвртиот граѓански собир.Карпош 15/12/2017
13.12.2017 - Граѓански собир во Општина Карпош
07.12.2017 - КАНАТЛАРЦИ - О. ПРИЛЕП 07.12.2017
07.12.2017 - ШУТО ОРИЗАРИ - 07/12 / 2017
06.12.2017 - Општина Теарце-
05.12.2017 - Куманово, 04/12/2017/
04.12.2017 - Финалниот настан за презентирање на резултатите од ИПА повеќегодишната Програма за развој на човечките ресурси 2007-2013
02.12.2017 - Гостивар-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ОДРЖАН ТРЕТИОТ ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ВО ОПШТИНА КАРПОШ
01.12.2017 - Пробиштип-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ДЕЛЧЕВО 01.12.2017 год. - Работилница со лица со попреченост на тема „Заштита од родово базираното насилство“
01.12.2017 - С.БУДАКОВО-МОГИЛА 29.11.2017 год. -
01.12.2017 - Општина Јегуновце - Меѓународната Кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.