Институционален грант Цивика Мобилитас

Здружени сили за заеднички интереси

Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот

Економско јакнење на жени во две општини

Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата

Поврзување и зајакнување на жените граѓански организации од Западен Балкан кои работат на правата на жените и родовата еднаквост

Политичко зајакнување на жените Ромки „Жените Ромки тоа го можат“

Институционална поддршка за реализирање на годишната програма на ЖГИ АНТИКО во рамките на програмата CIVICA Mobilitas

Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство
 
 
сабота, 21 декември 2024
„Чувај го здравјето - чувај ја иднината“
Датум: 18.10.2009
 
Во општина Теарце жените од руралните средини спроведоа локална акција насловена „Чувај го здравјето - чувај ја иднината“ која имаше за цел да ги освести и информира жените од руралните средини и севкупното население за заштитата на репродуктивното здравје и потребата од редовни гинеколошки прегледи.

За да се постигне основната цел и да се информира што поголем број на жени и севкупната јавност се пристапи кон подготовка и емитување на 4 ТВ емисии во времетраење од 15 - 20 минути. Сите четири емисии прават една целина односно се дискутира на неколку значајни тема како: последиците од малигни заболувања на дојката, ракот на грлото на матката, законските норми за свој матичен гинеколошки лекар, планирање на семејството и употреба на контрацептивни средства. Соговорници во ТВ емисиите беа матичен лекар, гинеколог специјалист, радиолог, правник, психолог, градоначалникот на Општина Тераце и претставници од НВО секторот.

Емисиите беа медиуски презентирани на ТВ Коха во промотивно и репризно издание. Воедно беа печатени и промотивни материјали со јасни пораки до целната група за значењето од превенција и заштита на репродуктивното здравје. Дистрибуирани се вкупно 600 промотивни материјали на македонски и албански јазик. Како завршна активност на локалната акција беше организирана трибина каде се презентираа ТВ емисиите и се поделија промотивните материјали.
 
 
 
 
12.6.2018 - Повик за волонтери - #WikiGap edit-a-thon!
18.5.2018 - Герила акции за зголемување на безбедноста на сообраќајот
14.5.2018 - Одржани тренинг работилници за креирање на Стратегија за комуникација и соработка со ЕЛС и државните институции
02.4.2018 - Одржан циклус работилници за годишно планирање на АНТИКО
29.3.2018 - Одржан тренинг за имплементирање на ре-грантираните проекти за суб-грантисти во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“
25.1.2018 - Одржана конститутивна седница на Националното координативно тело против семејно насилство
12.1.2018 - ПОВИК ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ
18.12.2017 - Одржан е четвртиот граѓански собир.Карпош 15/12/2017
13.12.2017 - Граѓански собир во Општина Карпош
07.12.2017 - КАНАТЛАРЦИ - О. ПРИЛЕП 07.12.2017
07.12.2017 - ШУТО ОРИЗАРИ - 07/12 / 2017
06.12.2017 - Општина Теарце-
05.12.2017 - Куманово, 04/12/2017/
04.12.2017 - Финалниот настан за презентирање на резултатите од ИПА повеќегодишната Програма за развој на човечките ресурси 2007-2013
02.12.2017 - Гостивар-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ОДРЖАН ТРЕТИОТ ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ВО ОПШТИНА КАРПОШ
01.12.2017 - Пробиштип-Меѓународна кампања ,,16 дена активизам против насилството врз жени и девојчиња,,
01.12.2017 - ДЕЛЧЕВО 01.12.2017 год. - Работилница со лица со попреченост на тема „Заштита од родово базираното насилство“
01.12.2017 - С.БУДАКОВО-МОГИЛА 29.11.2017 год. -
01.12.2017 - Општина Јегуновце - Меѓународната Кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Antiko.org.mk - Изработка 2011 година. Сите права се задржани.