Втор циклус на работилници во Могила Датум: 11.7.2009
Во општина Могила започна со реализација вториот циклус на работилници организирани во рамките на проекот "Преку едукација и зајакнување кон социјално вклучување и активно граѓанство". Вториот циклусот опфаќа 4 работилници кои ќе се реализираат на различни теми и имаат за цел жените од руралните средини од етничките малцинства да се стекнат со знаења и вештини за нивно активно вклучување во општествениот живот.
Првата работилница од вториот циклус на работилници беше организирана на 11.07.2009-та година на тема "Родови концепти" каде учесетвуваа вкупно 20 жени од селата Мусинци и Будаково.