Четврта работилница во Могила на тема: Планирање на локална акција и изработка на акциски план Датум: 04.7.2009
Во општина Могила на 04.07.2009-та година се организираше четврата работилница на тема: "Планирање на акција и изработка на акциски план" каде што учествуваа вкупно 26 жени од с. Трап и с. Будаково. Последната работилница од првиот циклус работилници овозможува креирање на план за локална акција кој треба да го испланираат и организираат жените учеснички на работилниците. Локалната акција овозможува идентификување на проблемите и потребите во заедницата и активно вклучување на жените преку реализацијата на активностите.